Протестите против полициска бруталност станаа тема на дискусија на катарската Al Jеzeera телевизијата, која е арапски еквивалент на западните модерни телевизии како CNN.
„Протестантите веруваа дека дечкото е убиен од озогласената ‘Тигар’ единица. Властите на почеток велеa дека телото е најдено без повреди, а со денови владини медиуми одбиваа да го покријат убиството на Мартин. Twitter корисниците бргу почнаа да се сомневаат во приказната и ја обелоденија реалноста зад неговата смрт.“, вели новинарот на Al Jezeera. „Ова е приказна која покажува како друштвените медиуми можат да се вмешаат. Ова сме виделе да се случува многу пати до сега кога владини медиуми одбиваат да покријат приказна.“ .
Неколку светски медиуми ја пренесоа приказната за протестите, но тоа што е интересно кај Al Jazeera е што се повикуваат, не на медиуми и на новинари за информациja, туку на твитови, видеа од тие што протестираа и блогери. @Vnukot беше интервјуиран преку Skype во живо да ја пренесе информацијата за протестите.
We’re talking to @Vnukot next about police brutality in #Macedonia. #martin #daniel #protestiram #AJStream
Друштвената веб активност на новинарите на Al Jazeera, со лаптопи пред нив и проекција од Twitter ѕид зад себе, е комплетно спротивно од тоа што може да се види на .мк медумите. Освен во забавни емисии, до сега на .мк медиуми нема интеракција меѓу медиум и друштвените корисници во живо, дури се чувствува инертност, како самите медиуми да не им веруваат на друштвените медиуми, со тоа на публиката. Новинарите од Al Jazeera, пак, постојано го следеа Twitter, читаа твитови, ретвитуваа, ја користеа друштвената мрежа за прашања и дури твитаа преку својот @AJStream профил во реално време.
#TellAlJazeera: Are you in Macedonia? Let us know your thoughts on police brutality & the recent protests against it. #martin #protestiram
@AJStream Macedonia needs these protests to make politicians aware that we’re here and we’re not going to let them kill, bribe or push us!
Целиот прилог за протестите во Македонија за многу брзо време се појави на YouTube на официјалниот канал AJstream, a имаше и посебен свој текст, со слики од учесниците на протестите и нивни твитови, кој веднаш се апдејтираше со интервјуто со Дејан Велковски.
@vnukot Your interview is now included in our story online: http://is.gd/72CwkT Thanks again for being on the show!
Сигурно Al Jazzera обрнува многу внимание на Twitter и друштвените медиуми откако во неколку држави од Среден Исток и Северна Африка, се случуваа анти-владини протести, револуции и промени на цели режими организирани токму преку друштвените медиуми.
(видеото е од @petarjanev)
[youtube]4bE3i-P7MYc[/youtube]