Google го исклучи Realtime пребарувањето откако заврши договорот со Twitter

во Веб

Пребарувањето во реално време е доста моќна алатка за пребарување на актуелни настани и вести, и во овој момент тоа најдобро го прави Twitter со своите 200 милиони твитови дневно. За разлика од Twitter кој ги прикажува најактуелните теми, Google ги индексира сите веб страни за што треба време.

Но, овој договор истекува во моментот кога Google ја стартува својата друштвена мрежа Google+ каде корисниците се охрабруваат да споделуваат јавно, односно да споделуваат со повеќе луѓе кои не им се пријатели (extended circles) или јавно (public).

Самиот Google+ е продолжение на пребарувањето и во иднина Google ќе може на секој логиран корисник да му прикажува персонализирани резултати според луѓето кои ги следи и со тоа да му пласира информации за актуелни настани кои го засегаат него и неговите пријатели. Имајќи друштвена мрежа Goоgle ќе може да ги следи и најактуелните дискусии и да ги прикажува како Sparkles, односно да им ги предложува како интересни теми за кои луѓето можат да дискутираат.

„Иако немаме пристап до специјалниот фид на Twitter, информациите на Twitter кои се јавни за нашите ‘ползачи‘ се уште ќе бидат достапни за пребарување и ќе бидат откриени за Google.“, вели пребарувачот за Search Engine Labs.

Нашата визија е да google.com/realtime го додаде Google+ информации заедно со други податоци во реално време од разни извори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk