Ouch! Тwitter ќе постира реклами во корисничкиот стрим на твитови

0 коментари 1 мин. читање

Twitter сигурно ќе се погрижи да ги држи рекламите под контрола да не бидат наметливи за корисниците кои сакаат да следат што нивните пријатели твитаат, а не да бидат бомбардирани со реклами.

Досега Twitter ја избегнуваше оваа пракса за рекламирање, поставувајќи ги рекламите само од страна, меѓу популарните трендови, и на почеток на пребарувањето. Но, целта на секој бизнис е да заработи, така да може да се очеквуа Twitter да се обиде да си ги зголеми 100-те милиони годишни приходи, па ако треба и да го прави тоа против волјата на корисниците. За споредба Facebook се очекува да прави 2-3 милијарди долари од реклами годишно.

Уште поинтересно, се шпекулира дека рекламите во корисничкиот стрим ќе бидат истакнати и „лепливи“, односно нема да може да се избегнат и со скролање низ стримот со твитови.

Рекламите ќе се појавуваат преку Twitter.com и ќе се користи QuickBar, опција која првин се појави за iPhone и која беше тргната од незадоволство на корисниците. QuickBar е бар на стримот со твитови и служи за дистрибуирање реклами. Знаејќи дека Twitter ја тестираше опцијата со надворешниот клиент HootSuite, најверојано рекламите ќе се појават и во стримот на TwitDeck, кој Twitter го купи за 40 мил. долари, и други надворешни клиенти.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед