Написи тагирани со Слободен софтвер

144 написи
Редакција
1
Тамара Атанасовска Софтвер

Време е за нова тура од GNOME Women Outreach програмата!

(ова е гостински текст од Тамара Атанасоска која беше дел од GWO програмата. Текстот е преземен од нејзиниот блог.)  Почнувајќи од денеска, можете да аплицирате за GNOME Women Outreach програмата. Иако ќе ви објаснам како се тоа оди подетално, ѕирнете го и официјалниот пост овде. Аплицирањето трае до 31 октомври. Ако вашата апликација биде прифатена пак, […]

2 коментари Прочитај 19 септември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Софтвер

Linux пред 20 години и сега

Пред 20 години, тогашниот студент Линус Торвалдс креираше нов кернел за оперативен систем кој веднаш го сподели со остатокот од светот. Овој Linux кернел ќе стане основата за оперативниот систем, име кое е комбинација од името на креаторот и UNIX, оперативниот систем на кој е базиран. За многу брзо време програмерите од цел свет се […]

1 коментар Прочитај 18 август, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

„Ништо нема да се случи“ во Охрид, сите хакери од .мк и регионот се поканети

На 28-29 мај за прв пат во Охрид ќе се одржи „Ништо нема да се случи“ собирот на кој се поканети сите ИТ ентузијасти и хакери, како од Македонија така и од регионот со цел да се запознаат ИТ заедниците и можеби да соработуваат на разни проекти.

18 коментари Прочитај 29 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

Nokia го стави Symbian под не-слободна лиценца

Во моментов Symbian е мртва платформа, не е интересна за програмерите бидејќи во 2012-та Nokia ќе престане да продава Symbian телефони и ќе ја замени до-сега-слободната платформа со Windows Phone оперативниот систем.

0 коментари Прочитај 12 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Стартуваат јавни расправи за Националната политика за слободен софтвер

Политиката за слободен софтвер ќе треба да воведе правила за набавки, препораки и мотивација да се користи слободниот софтвер низ сите државни и јавни институции. Текстот веќе е спремен од експертите и сега се стартува со јавни расправи, кои ќе се одржат од 14-ти до 22-ри март во Тетово, Штип, Скопје и Битола, со цел да се чујат други препораки и мислења за што треба да се додаде и досреди со цел да се добие национална политика креирана од и користена од самите корисници. По јавните дискусии НПСС ќе биде доставена до Владата со цел истата да се усвои.

0 коментари Прочитај 15 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Слободен софтвер фондацијата го поддржа Google за WebM проектот

Му аплаудираме на Google за промената која е позитивен чекор за слободниот софтвер, неговите корисници и сите кои го користат Вебот, вели Слободен софтвер фондацијата коментирајќи за одлуката на Google да ја прекине поддршката за H.264 видео кодекот во Chrome прелистувачот, и да продолжи да го користи WebM проектот, во борбата на прифаќање на стандард за видео енкодирање. WebM е поддржан од Opera и Mozilla, додека H.264 е прифатен од Apple и Microsoft.

4 коментари Прочитај 20 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Пристигна Drupal 7

Drupal ја објави верзија 7 на својот бесплатен и слободен софтвер за менаџирање на содржина на веб сајтови (CMS). Изработен во PHP и дистрибуиран преку GNU GPL лиценцата sофтверот зсе користи од 1% од сите сајтови на Вебот, од лични блогови до Белата куќа, data.gov.uk и други релевантни организации.

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Софтвер

Русија ќе користи слободен софтвер, нареди премиерот Путин

Рускиот премиер Владимир Путин потпиша владина наредба со која сите владини тела и агенциите ќе треба да се префрлат на слободниот софтвер до 2015 година.

2 коментари Прочитај 28 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Претставена Националната политика за слободен сотвер

На E-society 2010 конференцијата, Новица Наков од Слободен софтвер Македонија ја претстави скоро-конечната верзија на Националната политика за слободен софтвер.

0 коментари Прочитај 1 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

Надополнето: Продолжува дискусијата за Национална политика за слободен софтвер

<Надополнето> Слободен Софтвер Македонија ја објави најновата ревизија на Националната политика за слободен софтвер. Ревизијата може да се најде на соодветниот блог каде секој заинтересиран корисник може да сподели идеја и да ја искоментира написот. Дополнителна дискусија може да се води на форумот на It.com.mk.</надополнување>

2 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Софтвер

Втора интернационална конференција за слободен софтвер во Приштина

Викендов од 25 и 26 септември се одржува втората интернационална конференција за слободен софтвер која ќе се одржи на косовскиот Факултет за електро и компјутерски инжинеринг.

1 коментар Прочитај 24 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Статии

Македонија е ветената земја за идеите на Сталман

Седејќи во ходникот пред преполнетата сала, слушајќи го предавањето на Ричард Сталман во кое зборуваше за слободниот софтвер, рестриктивните лиценци, авторските права и како тие не функционираат во денешниот дигитален свет, си помислив „ова е ветената земја за идејата на Сталман.“ Во Македонија се е слободно, го споделуваме софтверот и со леснотија го игнорираме копирајтот. Во Македонија индустријата нема контрола врз корисникот, контрола која г-дин. Сталман се бори да ја тргне, туку македонскиот корисникот ја фрла индустријата на колена.

44 коментари Прочитај 3 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Софтвер

Тwitter стрим од предавањето на Ричард Сталман

Авторските права се зачнати во ерата на печатарската машина, и биле дизајнирани да одговараат на системот на централизирано копирање наметнато од самата технологија на печатење. Но режимот на авторски права воопшто не одговара со компјутерските мрежи - oва е краток увод на предавањето од култниот Ричард Сталман, предавање кое моментално се одржува во Holliday In во Скопје.

1 коментар Прочитај 3 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ дискусија: Национална политика за слободен софтвер

Промоција на слободен софтвер, транспарентност на кодот, ослободување на образовните проекти, осврт на регулативи, лиценци... ова се темите кои се разговараа на средбата за креирање план за Национална политика за слободен софтвер. Дискусијата е организирана од Слободен софтвер Македонија, поддржана од фондацијата Метаморфозис и Министерството за информатичко општество.

3 коментари Прочитај 3 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Ричард Сталман на 3-ти јуни во Скопје

Ричард М. Сталман, таткото на GNU, на 3-ти јуни 2010 на покана од Слободен софтвер Македонија доаѓа во Скопје и ќе одржи предавање насловено „Copyright vs Community in the age of computer networks". Предавањето ќе се одржи во салата "Милениум 2" во хотелот "ХолидејИн", влезот е слободен и отворен за сите, предавањето започнува во 18:00 часот и ќе биде на англиски јазик.

2 коментари Прочитај 27 мај, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Aко сакате слобода, не користите софтвер со рестриктивни лиценци

Секој софтвер со рестриктивни лиценци му дава на девелоперот контрола врз корисникот, а тоа е погрешно, вели Ричард Сталман, основач на Слободен Софтвер фондацијата, во интервју на Mashable.

2 коментари Прочитај 17 мај, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

Intel го престави мобилниот ОС – MeeGo 1.0

MeeGo е мобилен оперативен систем базиран на Linux, и овој слободен софтвер прв пат беше најавен на Светскиот конгрес за мобилна технологија 2010 како заеднички проект составен од мобилните ОС Moblin на Intel и Maemo на Nokia.

0 коментари Прочитај 15 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Форум: Сопствен vs. Слободен софвер

Спремав за факултет презентација на тема Free and Open Source Software и истражувајќи се најдов во дилема. Разгледувајќи го историјатот на слободниот софтвер, неговата дефиниција, филозофска основа и развој, почнав да размислувам за тоа дали сакам мојот софтвер да биде слободен. Според дефиницијата слободен е софтверот кој нема ограничување на користењето, дистрибуцијата и модификацијата, со цел да се проучи, подобри, развие и продолжи неговата основа, т.е. да продолжи да биде слободен софтвер....

0 коментари Прочитај 12 април, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Symbian сега е слободен софтвер

<Надополнето 12.04.11>Nokia го затвори Symbian, го стави под рестриктивна лиценци дозволувајќи го изворниот код само на одредени и одобрени партнери. </надополнување>   „Иднината на мобилните е отворена, а со тоа и кодот.“ е мотото на Symbian фондацијата која најави дека Symbian платформата сега е слободен софтвер. Symbian е еден од најпопуларните оперативни системи за мобилни телефони со околу 330 милиони уреди продадени ширум светот.

0 коментари Прочитај 4 февруари, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top