4 коментари 1 мин. читање

Слободен софтвер фондацијата го поддржа Google за WebM проектот

„Повеќето видео на Веб се доставува преку Flash, кој е лиценциран, нестандарден софтвер. Слободен софтвер алтернативите како GNU Gnash се достапни, но корисничкото искуство не е добро како што треба да биде.

Кога започнавме со правење на новата верзија на HTML стандардот, HTML5, работата на видео доставувањето и користењето беше приоритет. Додека сите се согласивме за како <video> тагот треба да изгледа, сепак немаше договор како видеото ќе се енкодира. Microsoft и Apple го поддржуваат H.264; Mozilla и Opera го поддржуваат WebM и Ogg Theora. А Google ги поддржуваше и двата кодеци.

Ова се добри вести бидејќи ако Веб видеото се стандардизира со H.264, тогаш нема да биде подобро одошто е сега. H.264 е врзан-со-патент кодек. MPEG LA организацијата бара програмерите кои ќе го имлементираат да плаќаат лиценци. Овие лиценци се фундементално некомпатибилни со софтверската слобода. Го ограничуваат програмерот како да го користи софтверот, и да собира надоместок во полно случаи.“, вели Слободен софтвер фондацијата.

(via @macstr1k3r)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top