2 коментари 1 мин. читање 28 декември, 2010

Русија ќе користи слободен софтвер, нареди премиерот Путин

Рускиот документ ја одредува стратегијата како властите да се префрлат од затворените лиценци на слободниот софтвер со отворен код како GNU/Linux.

Стратегијата започнува од 2011 година со „креирање на основен пакет за слободен софтвер решенија за типични проблеми“, продолжува во 2012-та година со „развивање и сугестии за првичните потреби и професионални вештини“, во 2013 следува замена на комерцијалниот софтвер со слободен софтвер во високото образование, а во 2015-та откако ќе се имплементираат точките ќе се направи нов план за развој на федерални алатки со слободен софтвер.

Според министерот за комуникација, Илија Масух, најверојатно ќе се направи владина продавница за апликации за слободен софтвер налик на App Store.

Претходно, од 2008 година, Русија спроведе кампања за воведување на слободниот софтвер во училиштата во земјата.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Saso Kuzmanov
15 years ago

До тогаш слободниот софтвер може и нема да биде толку слободен. Последен пример е продажбата на Новел и сите негови патенти.

asl
asl
15 years ago
Reply to  Saso Kuzmanov

Од каде го поврза слободниот сoфтвер со Novell ?

Мени
Заедница
Изглед
To top