Калеб Барлоу на TED: „Сајбер криминалот заработува 445 милијарди долари годишно“

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Од каде доаѓа сајбер криминалот? Ова е тема на TED говорот на Калеб Барлоу.

Дури 2 милиjaрди податoци се загубени или укрaдени во 2016 година. Податоците на над 100 милиони здравствени осигуреници се украдени во истиот период.

Најчесто компаниите на кои граѓаните им ги довериле личните податоци излегуваат со соопштенија дека се цел на напад на хакери финансирани од држави. Сепак, официјалните податоци се поинакви. Според податоците на Обединетите нации најголем дел од сајбер нападите, дури 80%, доаѓаат од организирани сајбер банди.

Ова е една од најголемите индустрии, а заработката е проценета на 445 милијарди долари. Криминалците се толку организирани што кражбите помеѓу 500 илјади и 1.5 милиони не се реткост. Бандите имаат цели мрежи од девелопери кои работат на софистициран малициозен софтвер, но и луѓе кои глумат дека се дел од грижа за корисници во банки.

Она што можеби е поголемо изненадување е дека „и хакерите работат од понеделник до петок, од 8 до 16“. Ова го покажува анализата на податоците на безбедносните експерти, кои забележуваат поголема активност во работните часови.

Единствено решение за надминување на овие проблеми е отворање и поголем пристап до податоците за нападите. Сепак компаниите и безбедносните експерти ги чуваат овие податоци во тајност. Со тоа им прават поголема услуга на напаѓачите. Наместо ова податоците треба веднаш да се споделуваат помеѓу компаниите затоа што ова ќе го намали периодот на корисност на некој малициозен софтвер или пракса за напад.

„Пред една година моите колеги и јас имавме радикална идеја. Што ако IBM ги земе нашите податоци – имаме една од најголемите бази на податоци за опасности во светот – и ја отвори? Што ако имаме податоци не само за што се случило во минатото, туку што се случува во реално време? Набрзина добивме реакција. Прво дојдоа адвокатите: кои се законските импликации од ова? Потоа дојде бизнисот: кои се последиците за бизнисот? Сето ова дојде со доза од: дали сте полуделе?

Но имаше еден разговор кој постојано се враќаше на секој дијалог кој го водевме. Сознанието дека ако не го направиме ова тогаш сме дел од проблемот. Почнавме да објавуваме. Над 700 терабајти податоци на кои може да се влијае, вклучувајќи и податоци во реално време. Податоци кои помагаа да запре криминалот. До денес над 4.000 компании ги користат овие податоци, вклучувајќи и половина од Fortune 100 компаниите. Се надеваме дека сите други организации ќе ни се приклучат во борбата и ќе го направат истото и ќе ги споделат и своите податоци.“, вели г. Барлоу на TED.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments