Двајца Македонци се осомничени за сајбер криминал во меѓународна акција на FBI и Interpol

Двајца македноски државјани се осомничени за учество во сајбер криминална група за чие сузбивање беше потребна организирана акција во која учествуваа FBI, NCA, Europol, но и повеќе безбедносни служби помеѓу кои и македонската. Како последица на акцијата, конечно е затворен сајбер криминалниот форум Darkode. „Апсењата доаѓаат по двегодишна тајна операција на FBI агентите кои се инфилтрираа на форумот. Објавата од среда е работа на држави од Бразил и Костарика до Костарика и Македонија“, вели Министерството за правда на САД.

Од МВР велат дека „Македониските државјани опфатени со меѓународната акција се познати од предходно на македонската полиција и нивните активности биле предмет на истрага на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика. Со вклучување во меѓународната истрага Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика соработуваше со ФБИ и Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол со цел размена на информации за нелегалните активности на македониските државјани на интернет страните и форумите кои беа предмет на истрага. Сите добиени информации и докази се доставени до надлежните Јавни обвинителства“. Иако МВР вели во соопштението дека уапсиле Штипјанин, сепак понатаму зборуваат за две лица од Скопје и Пробиштип.

Затворањето на озогласеното место на собирање на повеќе групи од кои најверојатно најпозната е групата Lizard Squad, заврши со 70 апсења во 20 држави. Форумот имаше 300 корисници, а за влез беше потребна препорака од некој од постоечките членови. На форумот се продаваа и споделуваа алатки и информации, вклучувајќи детали за zero-day напади и безбедносни пропусти, јави BBC. Уапсените членови се дел група која развива, дистрибуира и користи и поддржува најкомплексен сајбер криминал. „Го растуриве сајбер-осилото кое според многумина вклучувајќи ги и хакерите беше непробојно“, велат обвинителите од САД.

Post-Gazette oд Питсбург вели дека акцијата започна пред 18 месеци под кодно име Shrouded Horizon. Локалниот огранок на FBI во соработка со ограноци од Вашингтон, Сан Диего, Њу Орлеанс и Сан Франциско започнаа акција на која подоцна се приклучија безбедносни тимови од 20 држави.Дел од податоците кои се запленети од Darkode се 23.000 броеви за социјално осигурување со дати на раѓање, милион имејл адреси со лозинки, броеви од кредитни картички и лажни пасоши.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix Global

Fullstack Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk