IBM пронајде нови можности и нови професии за својата вештачка интелигенција. Ако сметаме дека еден експерт за компјутерска безбедност е модерен Шерлок Холмс, тогаш IBM му го пронајде партнерот. Watson, вештачката интелигенција на IBM, сега ќе се обиде и да спречи сајбер напади во финансискиот и здравствениот сектор, јави Wired.
Watson веќе има 40 компании во своето портфолио кои ќе учествуваат во бета тестот за заштита од сајбер напади. IBM работи на овој проект од минатата пролет, а по почетните проблеми сега се подготвени за поголеми предизвици.
Еден од најголемите проблеми на Watson е погрешното препознавање. Можеби изгледа смешно, но еден од најчестите проблеми на Watson е тоа што ransomware го асоцира со географско место. Иако станува збор за еден од почестите и понепријатни сајбер напади, Watson долг период сметаше дека е град.
„Претпоставуваме дека Ransom е име на неколку градови, а ransomware не е збор кој го има во премногу речници. Мислиме дека [Watson] се обидуваше да открие за што станува збор. Што е ова што постојано се споменува и да ја пронајде неговата локација.“, вели Калеб Барлоу од IBM Security.
Засега сервисот е во бета, а Watson иако не почнува од 0, пак е во почетната фаза на разгледување на проблемите во сајбер безбедност. Системот полека го разбира целиот концепт и „знае“ дека има разлика во одбраната на болници од енергетски постројки.
„Би ги поистоветил традиционалната анализа на сајбер безбедност со автопат на кој се обидувате да пронајдете прекршителите. Додека возилата се во движење тешко е да процените кој се движи пребрзо, а кој вози украден автомобил. Со Watson ова е како да летате над автопатот со хеликоптер.“, објаснува Шон Велкамп од Avnet.
Безбедносниот тим на Watson јави дека уште во оваа фаза, секојдневно во просек прегледуваат околу 200.000 потенцијални опасности.
[…] IBM е само една од компаниите кои работи на вештачка интелигенција во осигурителните компании. Израелскиот стартап за осигурување Lemonade, прибра 60 милиони долари од финансиерте, јави Quartz. Од неодамна, Watson стана и експерт за компјутерска безбедност. […]