Властите во Кина затворија речиси 15.000 граѓани за сајбер криминал со кој би можеле да ја загрозат интернет безбедноста. Станува збор за прекршоци како објавување огласи за порнографија, експлозив, оружје, коцкарници, и куп други криминали поврзани со податоци прибрани од над 66,000 страни, јави Reuters.
Бројката која изгледа огромна сепак се однесува на период од две години, а последната објава на одделот за сајбер кримнал вели дека се истражуваат 7.400 случаи на можен сајбер криминал. Апсењата се дел од програмата „чиестење на интернет“, иако за најголем дел на чистењето сепак се грижи Great Firewall оf China, односно државната цензура на кинескиот интернет. Корисниците во Кина мора да го користат своето вистинско име за регистрација на онлајн профили.
Иако САД ја обвинува Кина за сајбер криминал веќе долг период, се чини дека направената истрага не е поврзана со меѓународен сајбер криминал, туку единствено со корисници кои прекршуваат дел од законите со кои се обезбедува цензура на онлајн просторот.







