Бугарски криминалци украле 3 милиони долари во крипто валути, по 2 милиони сè уште се трага

0 коментари 1 мин. читање

Организирана криминална група од Бугарија на илегален начин „заработила“ 3 милиони долари во крипто валути. Полицијата трага по уште 2 милиони долари кои исчезнале.

Властите во Бугарија ја следеле криминалната група од јуни 2018 година. Активностите на групата се главно во Бугарија, но и во Европа. Групата е уапсена на 22 ноември.

Тројца жители на Бугарија се уапсени, а полицијата пронашла клучеви за крипто берзи и крипто паричници. Засега е непознато како тројцата Бугари дошле до овие средства. Полицијата запленила и еден автомобил кој е купен со крипто валута, јави 24chasa. Цената која ја платиле за автомобилот е 35 000 долари.

Бугарскиот обвинител објасни дека групата е исклучително информатички писмена, токму овие вештини им помогнале да ги украдат овие средства.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top