Уапсен Пјотр Левашов, креатор на ботнет мрежата Kelihos

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Стотици илјади компутери пред седум години беа дел од Kelihos, бот-мрежа која тогаш беше најголема. Мрежата е дело на Пјотр Левашов, руски државјанин. Тој сега е уапсен во Шпанија и ја чека својата екстрадиција во САД. Апсењето е соработка помеѓу локалните агенции и Федералното истражно биро.

Г. Левашов е откриен откако ја искористил истата IP-адреса која ја користи за управување со Kelihos за да ја провери својата пошта на [email protected]. Русија и САД немаат договор за екстрадиција, па ФБИ го искористи неговиот влез во Шпанија за да побара негово апсење. Сега властите од САД имаат 40 дена да ги презентираат доказите пред Шпанските власти, кои потоа ќе одлучат за екстрадиција.

Оваа мрежа се користи и за испорака на најголем дел од „ransomware“ малициозните софтвери. Мрежата ја користел и за спамирање, рекламирање и продажба на фалсификат лекови, лажна работа од дома, и измами за манипулации со акции на берза. Г. Левашов е своевиден ботнет гуру, а Kelihos не е негов прв ботнет, тој е креатор и на Storm, за чии операции е обвинет во 2009 година. Долго време е на листата на 10 најбарани спамери, јави Ars Technica.

Но, според сопругата на г. Левашов причинта за неговото апсење е многу поактуелна. Г. Левашов е упасен поради мешање во изборите во САД, и негова помош при изборите на Доналд Трамп, изјави за Russia Today.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk