Написи тагирани со приватност

493 написи
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Веб Хак-атак/Приватност

Корисниците ќе можат да се скријат од Google Analytics

Google најави измена во Google Аnalytics со која корисниците ќе можат да одберат дали или не сервисот да ги собира нивните информации. Google Analytics e алатка која ја користат сајтовите (пример IT.com.mk) за да ги измерат посетите на сајтот, времето колку корисниците поминуваат на сајтот до информации од каков прелистувач сурфаат посетителите.

0 коментари Прочитај 19 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Facebook ги трга „кој ти го гледа профилот“ апликациите

Facebook ќе ги тргне сите апликации кои ги наведуваат корисниците дека со нив ќе откријат кој им ги прегледува профилите. Сигурно таква можност е одлична за некои корисници, но според Facebook никогаш нема да дознаете кој ви го прегледува профилот.

0 коментари Прочитај 16 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Автоматско преведување со Google Chrome

Google ја објави новата бета верзија од нивниот прелистувач Chrome со подобрена приватност и навистина кул опција за автоматско преведување. Доколку сте, на пример, на кинеска страна прелистувачот самиот ќе го детектира јазикот и ќе ви сугерира да го преведете. Преводите се генерират од Google Translate сервисот, што значи дека - прво, има македонски, второ, македонсите превоти и не се баш најдобри и трето, и покрај недостатоците навистина е корисно со еден клик да преведувате страни.

0 коментари Прочитај 4 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

Google Buzz пројде 9 милиони постови

Десетици милиони луѓе дојдоа на Google Buzz, генерирајќи 9 милиони постови и коментари. Плус скоро има 200 поста по минута од мобилните телефони, вели Google во блог пост во кој реагира на критиките за сервисот кој беше објавен само пред 3 дена.

0 коментари Прочитај 12 февруари, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Facebook треба да е јавен сервис, вели основачот

Можеби изјавата има смисла доколку се знае за неодамнешните соработки на неколку друштвени мрежи со интернет пребарувачите Google и Bing кои внесоа пребарување во реално време во своите пребарувачи. Но додека твитовите од Twitter се најдоа меѓу резултатите на пребарувањето, Facebook статусите беа изоставени бидејќи Facebook сепак е приватна затворена мрежа каде луѓето споделуваат со пријателите.   Марк Зукенберг, основачот на најпопуларната друштвена мрежа, во интервју на Crunchies настанот изјави дека доколку Facebook стартува сега ќе биде јавна мрежа бидејќи сега имаме нови стандард - тоа е јавно споделување на информации.

0 коментари Прочитај 11 јануари, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Надополнето: Видео за сетирање нa приватностa на Facebook

Сигурно се изненадивте од пораката за промена на приватноста со која ве пречека Facebook кога се логиравте на мрежата? Се работи за „Publisher Privacy Control“ промени со кои друштвената мрежа планира да им даде на 350-те милиони корисници поголема контрола врз нивната приватност и содржината која ја објавуваат.

0 коментари Прочитај 10 декември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Google Analytics е нелегален сервис, вели Германија

Според германските власти Google Analytics, сервисот за мерење и анализа на интернет сообраќај на веб сајт, го прекршува законот бидејќи сервисот ги собира податоците за посетителите без нивна согласност.

0 коментари Прочитај 24 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Општо

Убиец ја тужи Wikipedia за непотребен публицитет

Адвокатите на германецот Волфганг Вирле бараат името на нивниот клиент да биде тргнато од Wikipedia бидејќи г-дин. Вирле ја отслужил казната за убиство и сега е обичен граѓанин. Волфганг Вирле во 1990 година го убил баварскиот глумец Валтер Седлмајер. Волфганг Вирле заедно со својот полубрат Манфред Лаубер во 1993 година се осудени на доживотна казна. Ослободени се условно во 2007, односно 2008 година. Сево ова пишува во Wikipedia во биографијата на Валтер Седлмајер.

0 коментари Прочитај 12 ноември, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ

ИТ.ЕУ: Поголема приватност и јогурти кои зборуваат

Article 29 групата составена од експерти за заштита на податоците и приватност и дел од Европската Комисија, смета дека користењето на OpenID платформи може да ги злоупотреби личните податоци на корисниците. OpenID е платформа како Facebook Connect и др. која овозможува користење на едно корисничко име за повеќе платформи и овозможуваат овие платформи да бидат вклучени на други сајтови, пример коментирањето на IT.com.mk функционира преку Facebook Connect, односно можете да оставите коментар преку логирање со вашиот Facebook профил, без да отварате корисничко име директно на сајтот.

0 коментари Прочитај 19 јуни, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Conficker се врати, но…

Вирусот кој за еден месец зарази околу 10.000 компјутери не се појави на 1 Април како што очекуваа безбедносните експерти кои претходно открија код дека на тој датум вирусот ќе се надогради сам и повторно ќе нападне. Измина 1 Април и Conficker не се појави. Сé до овој викенд кога вирусот зарази 700 компјутери на кампусот на Универзитетот на Јута, САД вклучувајќи ги и тие на трите универзитетски болници.

0 коментари Прочитај 12 април, 2009
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано ИТ.МК

МВР не ги почитува „законите" на Facebook

Медиумите во еден здив ја проширија веста за тоа како Министерството за внатрешни работи отворило своја „неофицијална“ страна на Facebook. Одлична идеја на прв поглед, дури е консултирана и Дирекцијата за заштита на лични податоци за оваа намера, од каде што велат дека нема никакви прекршувања на законот. Но, што е со Facebook? Ги праша ли некој нив дали не се прекршени нивните "закони" и правила за приватност и дали дозволуваат владини институции да ја користат мрежата за вакви цели?

2 коментари Прочитај 6 април, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Рецензии

CCleaner: Избришете ги Вашите траги

Според објаснувањето на Piriform, создавачот на бесплатната програма CCleaner (оргиналното име му беше Crap Cleaner) е алатка која служи за оптимизација на системот и за зачувување на приватноста и Ви помага да ги отстраните трагите кои ги оставате со користење на компјутерот. Програмот отстранува непотребни фајлови со што ослободува простор и меморија и овозможува подобра работа на компјутерот

0 коментари Прочитај 24 март, 2008
Мени
Заедница
Изглед
To top