Google Street View и приватноста

во Свет

Првин Грција го стопираше Street View автомобилот со 360 степени панорамска камера закачена на кровот. Потоа Јапонија ја натера Street View колата повторно да ги слика улиците бидејќи шипката на која се наоѓала камерата била превисока и сликала во домовите на луѓето.

Ова не се изолирани инциденти за контрoверзниот автомобол на Google. Веднаш по стартувањето на Street View во 2007, проектот наиде на проблеми со приватноста. Некои организации за заштита на приватноста, побараа проектот да се прекине. Но Google започна да ги смирува луѓето така што ги замаглуваше, дури и одстрануваше, сите несакани ситуации кои беа фатени со камерата по барања на корисниците. Пред случајот со Грција и Јапонија, Google Street View колата наиде на протести од селаните од Бротон, Англија, кои комплетно го блокираа патот.

За да видите како изгледа Google Street View треба да отидете на Google Maps, да го најдете регионот кој е сликан со Stret View и да зумирате до крај. Сервисот е интересен бидејќи дава панорамски поглед на одредена улица/град.

Грчката агенција за заштита на лични податоци кога ја стопираше Street View колата побара дополнителни информации за проектот. Тие информации се: Kолку долго Google ќе ги чува сликите? Што ќе се направи да се заштити приватноста на луѓето? и како ќе се информираат луѓето дека низ улиците ќе помине Street View автомобилот?

Светскиот форум за приватност посочи дека реакциите на Грција може да го постави стандардите за Street View.

„Треба само една земја да искаже незадоволство. Ако Грција добие подобра приватност од останатите во светот, тогаш и ние ќе го бараме истотот. Затоа е ова важно“ рече Пам Диксон, директор на Светскиот форум за приватност.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk