Facebook ќе препознава лица на фотографиите
Новите „сугестии за тагирање“ на Facebook која ќе стартува во наредниве месеци автоматски ќе им предложува на корисниците кого да означат на фотографијата користејќи технологија за препознавање на лице.
Новите „сугестии за тагирање“ на Facebook која ќе стартува во наредниве месеци автоматски ќе им предложува на корисниците кого да означат на фотографијата користејќи технологија за препознавање на лице.
<надополнето 15.12.10> Уставниот суд ги одби промените на Законот за електронски комуникации, односно ги поништи петте одредби кои и даваа моќ на полицијата да прислушува без судски налог. Одбиени се петте измени на член 4 (точки 47 и 48), член 112 (ставовите 7 и 8), член 114 (ставовите 7, 8 и 9), член 115 и […]
По примерот на Wikileaks, но малко непрофесионално сработено и нарушувајќи приватност, на Facebook се појави профил „UJP Leaks" кој објави слики од наводен документ за плати од новинарите на A1 заедно со нивните матични броеви.
Facebook воведува дополнителни опции за заштита на приватноста преку мобилното користење на друштвената мреажа. Опциите ќе овозможат подетален преглед на споделените информации преку различни апликации и веб сајтови, и можност за контролирање на пристапот до тие информации од страна на апликациите, исто како што е достапно и на десктоп Facebook во менијата Applications and Websites од опциите за приватност.
Марк Закерберг во интервју за „60 минути“ објасни дека низ целата Facebook канцеларија се појавува зборот „хак“ и се одржуваат „хак-маратони“ затоа што, Закерберг вели, „да кажеш некого хакер е комплимент, хакнување за инженерите значи да се промени нешто за многу брзо време, за еден вечер да смениш многу линии код и на крај да добиеш продукт“.
Сите Facebook апликации кои велат дека можат да ги откријат луѓето кои го прегледуваат вашиот профил се измама, вели безбедносната компанија Sophos.
Група германски Google фанови оставија порака „Google е кул“ и ги гаѓаа со јајца неколку куќи во Есен бидејќи се замаглени на Street View, пренесува Deutsche Welle.
Секој ден се логираат 250 милиони, 50 отсто од корисниците на Facebook, вели основачот Марк Закерберг во интервју на Web 2.0 самитот.
Европската комисија предлага осовремување на правилата за заштита на личните податоци кои се дефинирани во 1995 година кога Google се уште беше во гаража, и да воведе правила кои ќе го лимитира собирањето податоци и креирање можност за граѓаните „да бидат заборавени“ по користење на веб сервисите.
Интернет гигантот им прати на сите Gmail корисници имејл во кој го објаснува резултатот од судскиот спор против него заради пропустите во приватноста на Google Buzz.
Facebook се одлучи да ги енкриптира (шифрира) корисничките идентификациони броеви (UID). Ова следи по неодамнешното откритие дека Facebook апликациите ги споделува корисничките ID броеви со маркетинг агенции и компании кои „копаат“ интернет информации и покрај тоа што таквото извлекување од податоци е забрането на Facebook.
Facebook се информира за секоја ваша посета на еден од милионите сајтови кои користат Facebook Connect и има историја да предава лични податоци на трети странки, вели инжинерот на Google, Брајан Кениш.
Повеќето апликациите на Facebook ги споделуваат корисничките ID броеви, давајќи пристап до имиња на корисниците и на нивните пријатели на околу 25 маркетинг агенции и компании кои работат со податоци, од кои некои работат со креирање профил на интернет корисници следејќи ги нивните онлајн навики, открива Wall Street Journal.
Facebook стартуваше опција за привремена лозинка која трае само 20-тина минути со цел да им овозможи на корисниците побезбеден начин да се логираат од било кој компјутер.
Иако имате опција delete за бришење на сликите од вашиот Facebook профил, сепак тие остануваат на серверите на Facebook и по 16 месеци, пишува Ars Technica објавувајќи како доказ слики избришани од пред година ипол, а кои сепак можат да се најдат на серверите на Facebook.
Facebook претстави нови групи, т.е. сега корисниците ќе можат да си креираат група со одредени пријатели во која ќе споделуваат одредени информации, слики и постови. Ова е еден вид организирање на стотината пријатели, пример, една група со колегите од работа, една со фамилијата... можете да се приклучите на вкупно 300 групи.
"Луѓето се тие кои ги поседуваат и треба да ги контролираат сите информации кои ги внесуваат во Facebook, па така 'Download Your Information' ќе им овозможи на луѓето да ги експортираат податоците и да си ги имаат на едно место" објасни основачот на најголемата друштвена мрежа, Марк Зукерберг, на вчерашната прес конференција каде што беа најавени неколку нови проекти, меѓу кои и опцијата наречена Download Your Information која овозможува на лесен начин да ги експортирате сите ваши пораки, слики, видеа, и постови во .zip фајл.
Facebook наскоро ќе ве информира со кого го споделувате статусот, опција која ќе го замени малата икона на катанче која е за одредување на степенот на приватноста, пишува InsideFacebook.
Diaspora е друштвена мрежа која планира да му стане конкурент на Facebook така што ќе биде приватна мрежа контролирана од корисникот, и ќе биде мрежа со отворен код т.е секој ќе може да си направи своја верзија. Мрежата е дело на неколку студенти од САД кои ја најавија на пролет во моментите кога сите му рипнаа на Facebook поради нарушување на приватноста.
Facebook воведе опции за сетирање приватност преку мобилен. Корисниците можат да пристапат до нив преку m.facebook.com/privacy и да одберат препорачани сетинзи, споделување со сите, пријатели на пријатели или само пријатели или да си ги наместите по ваше (custom).