0 коментари 2 мин. читање 16 септември, 2010

Diaspora излезе на виделина, го објави изворниот код

Сега по прв пат од пролетната најава, и по цело лето собирање 200.000 долари инвестиција од 6.500 извори, Diaspora во блог пост покажа како ќе изгледа мрежата и го објави изворниот код на мрежата.

„Денеска го објавуваме изворниот код на Diaspora. Oва е сега друштвен проект и развивањето е отворено за секој кој има техничка експертиза да сподели визија на друштвена мрежа која ќе им даде контрола на корисниците. Од сега ние ќе работиме со заедницата во подобрување и зацврстиме Diaspora.” се вели во блог постот.

Сликите на блогот покажуваат чисто дизајнирана мрежа, а Diaspora наведува неколку опции, како на пример, споделување пораки и слики приватно во реално време преку „аспекти“, спријателување на луѓе ширум интернет без врска каде е изворот на Diaspora, менаџирање пријатели преку „аспекти“. Мрежата исто така ќе води логови и ќе го енкриптира сиот сообраќај (освен фотографии, за сега).

Интересно наскоро се очекува и Facebook интеграција и преносливост на податоците. На крај од блог постот се и линковите до изворниот код на мрежата.

Diaspora најави дека првата јавна алфа ќе биде објавена во октомври.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top