4 коментари 1 мин. читање

Индустриите ќе се редизајнираат околу друштвеното

Зборувајќи за потенцијалот на рекламите на мрежата Закерберг вели дека за 5 години повеќето индустрии ќе се сконцентрираат кон друштвените интеракции користејќи го Social Graph. Според него, на веб има сервис за пребарување и продукти, но нема сервис за луѓето.

„На почетокот креиравме едноставни верзии на веб сервиси, пример немавме слики со висока резолуција како Flickr, но нашата верзија беше длабоко интегрирана во друштвеното. Токму таа друштвана можност остана поважна од сите други опции.“ вели Закерберг додавајќи:

„Друштвените игри беа првите кои стартуваа, има компани како PlayFish и Zynga кои вредат милијарди и се комплетно направени врз Facebook платформата… музиката, филмовите, телевизија, вести, сите во тек на 5 години ќе бидат редизајнирани и ќе има нови стартапи и нови бизниси.“

Интересно, Закерберг доби поддршка од ИT гуруто Тим О’Рајли за приватноста, дека се уште треба да се испрова начинот како корисниците сакаат да ги контролираат податоците.

„Треба да се гура кон границита, да се откријат каде се тие, и тогаш да се справиме со нив бидејќи ако поставиме правила пред да ги откриеме гранците ќе останеме во минатото.“, вели г. О’рајли:

Целото Web 2.0 самит интервју во кое Марк Закерберг зборува за новиот систем за пораки, друштвената интеракција и приватноста можете да го погледнете подолу.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top