Написи тагирани со Пребарување

128 написи
Редакција
0
Тамара Атанасовска Веб

Bing mobile search доби HTML 5 надградба за Android и iOS

Bing ги објавија новините кога се работи за пребарувањето на мобилните уреди: m.bing.com подобро и побрзо пребарување на слики, насоки во реално време, пребарување на апликации за iPhone итн. Овие новини се достапни за Android и iOS, но не и за Windows Phone 7, кој во моментов не поддржува HTML5, па овие промени за неговите корисници ќе бидат достапни во текот на годината.

0 коментари Прочитај 25 март, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Совети Софтвер

Пристигна Chrome екстензијата за говорно пребарување

Speechify е екстензија за Chrome која овозможува говорно пребарување користејќи HTML 5, која се појавува само еден ден по најавувањето на API-то за говор и влегувањето на Chrome 11 во бета.

0 коментари Прочитај 24 март, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Веб

Yahoo лансираа своја верзија на Google Instant Search

Yahoo објавија своја верзија на Google Instant, алатката која прикажува резултати уште пред да го допишете клучните зборови кои сакате да ги пребарате.

0 коментари Прочитај 24 март, 2011
Редакција
0
Виктор Дано Свет

Лејди Гaga @ Google

Во Google, гледавме како Гага си ја изгради својата кариера со прифаќање на технологијата, вели директорката за кориснички продукти во Google, Марис Маер, во својата најава за итнервјуто со популарната музичарка Лејди Гага. Интервјуто е дел од „музичари @ Google“ серијалот.

0 коментари Прочитај 23 март, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Веб Друштвени мрежи

PostPost – агрегатор за вести кој го организира вашиот Facebook фид

PostPost е агрегатор на вести за социјалната генерација кој ви ги прикажува статиите, видеата и сликите кои вашите пријатели ги нашле доволно интересни за да ги постираат на друштвените мрежи.

0 коментари Прочитај 16 март, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Веб

Ве нервира Google резултат? Блокирајте го…

Воопшто не е забавно кога некои нерелевантни страници или реклами постојано го наоѓаат своето место на врвот во резултатите на Google. Сега интеренет пребарувачот во војната против таквите страници ја воведува опцијата да ги блокирате несаканите страници за повеќе да не ви се појавуваат во резултатите од пребарувањата.

0 коментари Прочитај 11 март, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Веб Софтвер

IndexTank објавија нов API за пребарување

IndexTank објавија нов интерфејс за развивање на апликации, кој им овозможува на програмерите да додадат пребарување на нивните апликации или да градат енџини за пребарување со множества од податоци кои се достапни на интернет. API-то на IndexTank дефинира методи за менаџирање на индекси (креирање и бришење), оперирање со индексите (додавање и бришење документи, функции и сл.), извршува пребарувања и сл.

0 коментари Прочитај 22 февруари, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Веб

Blekko, стартап пребарување со слаштагови

Нема совршен пребарувач. Во статистиките од оваа статија видовме дека ниеден пребарувач не вади сосема точни и релевантни резултати, дури ни Google кој всушност имаше полоша статистика од неговите конкуренти. Blekko цели да го промени тоа, и пребарувачот веќе има приближно 1 милион пребарувања на ден.

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2011
Редакција
0
Avatar photo Дамјан Дано Веб ИТ.МК

Македонија според Google AutoComplete

AutoComplete опцијата на Google е алатка која ви помага „да ги одморите прстите“, да побрзо и поедноставно да дојдете до резултатот кој го барате сугерирајќи ви пребарувања слични на она што сте започнале да го пишувате, вклучувајќи ја како клучен фактор популарноста на бараното. Сите резултати кои ќе ви бидат понудени од Google AutoComplete претходно се внесени од страна на други Google корисници. Се решив да направам едно мало истражување, (инспириран од следниов линк), и да разгледам како Македонија е претставена според Googlе, односно што е она што најмногу го бараат корисниците и што е најпопуларно за секој македонски град.

1 коментар Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб

Google го стартува Boutiques.com, визуелно пребарување на модата

Boutiques.com е нов Google пребарувач за облека, додатоци и други модни детали. Google вели дека продуктите поврзани со модата едноставно не можат да се вклопат во стандардниот шопинг, пример купување на камера следејќи рецензии и спецификации, туку „модното купување подразбира откривање нешто што одговара на вашиот вкус и изгледа како што треба.“

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб Мобилни

Google Instant пристигна на Android и iOS

Инстант пребарувањето на Google, кога пребарувачот ви дава резултати додека го куцате терминот, сега е достапно и за мобилните верзии, односно за Apple уредите и мобилните телефони што работат на Google-oвиот Android оперативен систем.

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook го редизајнираше и потсреди пребарувањето

Сега кога ќе пребарувате страни или луѓе на мрежата ќе добиете малку покорисни и покултурно прикажани резултати. Facebook го тргна делењето на лица и страни како што беше до сега, и ги смести сите на куп. Сега без врска на резултатот, дали е личен профил, група или фан страна ќе ги добиете сите излистани и ќе добиете од десно опции за да понудите пријателство, да кликнете Like на страна или да се вклучите во некоја од групите.

6 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Вестите на Google добија друштвен елемент

Google тестира подруштвени вести, додаде „Споделено од“ текстот покрај секоја вест. На прв поглед оваа информација заедно со бројот на „сличните написи“ ви ја кажува популарноста на веста, често и важноста на тие вести.

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб

Google тестира преглед на страната пред да кликнете на линкот

Google тестира опција на страната со резултатите што ќе ви ја прикаже веб страната пред да кликнете на линкот. Доволно е само поставување на глувчето врз линкот и ќе ви се прикаже како изгледа сајтот. Интересно не се прикажуваат рекламите на сајтот.

2 коментари Прочитај 6 октомври, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Firefox додаток за Borg.mk

Новиот македонски пребарувач Borg.mk направи редизајн, и тоа го мотивираше Наум Спасески а.k.a Номче да направи Firefox додаток за полесно пребарување.

1 коментар Прочитај 29 септември, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб

Црната листа на зборови за кои нема Google Instant

Google го стартуваше Instant пребарувањето кое ви прикажува резултати во моментот на пишување на термините. Но... иако Google се потруди да ни понуди побрзо пребарување, тие се потрудија да скријат одредени резултати кои можат да навредат некого или да прикажат несоодветна содржина.

0 коментари Прочитај 23 септември, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб

Надополнето: Google одсега со инстант пребарување

Google го претстави инстант пребарувањето со кое добивате динамични релевантни резултати во моментот додека го куцате терминот кој ве интересира. Ново е и предвидувањето на терминот кој сега се појавува како сиви букви. Ова не само што ќе го направи пребарувањето позабавно, туку Google ќе ви понуди куп различни линкови за кратко време т.е. додека пишувате еден термин.

5 коментари Прочитај 9 септември, 2010
Редакција
0
Виктор Дано ИТ.МК

Стартува нов македонски интернет пребарувач – Borg.мк

Borg.мк е нов македонски интернет пребарувач на Игор Трајковски, креаторот на Time.mk. Досега македонското пребарување се сведуваше на Najdi.org.mk и pogodok.com.mk. Но се чини дека каде тие два пребарувачи не успеаваат, Najdi.org.mk е со ограничени извори, Pogodok.com.mк од 01.09.2010 нема да постои веќе, таму Borg.мк успева да понуди нешто интересно.

38 коментари Прочитај 27 август, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Дебар, шарпланинецот и Александар на насловната на Bing.com

На Bing.com, интернет пребарувачот на Microsoft, се појави фотографија од дебарското езеро Шпиље. Bing на своите слики вметнува и мали пакети информации за местото на сликата за да го популаризира и демонстрира својот интернет пребарувач, да даде идеја што да се бара со цел да го привлече корисникот. Но... во овој случај покрај пребарувачот, и Mакедонија ќе ќари интерес од оваа промоција.

8 коментари Прочитај 25 август, 2010
Мени
Заедница
To top
{title}