„Има многу кориснички придобивки со Google Instant – но главната е што штеди на време. Нашето тестирање прикажа дека Google Instant штеди по две до пет секунди во пребарувањето на просечниот корисник. Тоа може да не изгледа многу, но се додадава. Со Google Instant, пресметавме дека ќе им заштедиме околу 11 часа со секоја помината секунда на нашите корисници.“ вели потпретседателката за корисничкото искуство во Google, Мариса Маер.
Google Instant стартува постепено (но можете да го пробате тука), и за неколку недели ќе биде достапен за сите корисници, како и зададен пребарувач за корисниците кои пристапуваат до google.com преку Chrome, Firefox, Safari и IE 8 прелистувачите. Есенва ќе се појави и мобилното инстант пребарување.
Тоа што е интересно е што инстант пребарувањето автоматски ќе се гаси доколку корисникот има слаба конекција. Исто така, доколку не ви се допаѓа, ќе постои опција на google.com страната каде може да се изгаси инстант пребарувањето.
Што се однесува до рекламите, Google нема да им наплаќа за тоа што се појавуваат на сите разни страни додека се искуца точниот термин.
Надополнување:
Во следново видео Google ги демонстрира можностите на Instant Search, објаснувајќи дека сега “може да пребарувате во исто време додека Боб Дилан пее”…
Исто така, Џое Сабиа од сајтот GetWhirled.com ја искористи новата опција на Google за да направи интересно видео, слично како она погоре на Google, во кое ја интерпретира песната на Том Лехрер за хемиските елементи. Интересно… :)
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.