Всушност, PostPost цели кон тоа да ни ги прикаже информациите кои ги добиваме секојдневно на еден нов и подобар начин. PostPost оригинално е креиран од Петар Јаред како викенд проект, но TigerLogic оттогаш го имаат под своја закрила. TigerLogic е компанија која специјализира во менаџирање на податоци и пребарување. Тие се и креаторите на Yolink чие API е вградено во PostPost за да може корисниците да добијат едно поубаво искуство што се однесува на пребарувањето, овозможувајќи им да пребаруваат низ разните вести од разни извори. PostPost исто така ја користи jQuery Masonry библиотеката која е одговорна за изгледот, односно како се презентирани податоците, кој потсетува на наредени цигли, оттаму и името (masonry=ѕидање). Како ова навистина изгледа можете да видите на сликата погоре, а прегледноста е навистина на високо ниво. Повеќе за тоа како да го користите и што се може, погледнете го видеото.
„Пред некое време сфатив дека читам се повеќе социјални линкови од Facebook и Twitter отколку страници за вести“, вели Петар Јаред кој сега е консултант на TigerLogic. „Поминував помалку време на Google Reader, a сепак наоѓав интересни податоци од таков вид. Од секогаш сум читал VentureBeat, TechCrunch и слично. Но, има некои сосем случајни забавни статии од страници како Economist кои вие нормално не би ги виделе, но вашите пријатели ќе ги „откопаат“. Дури и луѓе кои се навистина паметни, на пример ако имате пријател кој е геолог, тој нема да ја постира секоја геолошка статија на која ќе наиде, туку ќе ја постираонаа која е всушност навистина интересна.“
Интервју каде Петар Јаред и TigerLogic ја објаснуваат нивната идеја и реализација во целост, можете да видите на видеото подолу.







