Зa разлика од пребарување за продукти, визуелниот Boutiques.com е според неодамна купениот Like.com, односно пребарувањето на продукти сега има нова димензија, нудејќи можност за пребарување на продукти според боја и куп разни други визуелни детали, но и можност за пребарување на слични продукти сугерирани од модни дизајнери и познати личности.
„Boutiques користи компјутерска визија и технологија за машината да учи да може визуелно да го анализира вашиот вкус и да го спореди со продуктите кои би ви се допаднале.“ објаснува Google.
Boutiqes.com нуди неколку вида пребарувања и откривање продукти, според:
- Напредни филтри за пребарување – според пол, силуета, шема, боја и големина.
- Инспиративни фотографии – барање на идеја за продукт според стилизирани маникени од разни сајтови за мода.
- Комплетирање на изглед – Споредување на продукти, кое парче облека одговара со друго, користејќи совети и правила од модни дизајнери.
- Визуелно пребарување – прегледување на ист продукт но во различна боја. Google ги анализира фотографиите според боја, модел, вид и се обидува да даде соодветен резултат.
Интересно, на Boutiques.com нема да го најдете Google логото. Продуктите од Boutiques.com моментално се достапни само во САД и само за женски продукти, но Google најави проширување во иднина.








