Windows Phone 7 и LG Optimus 7 пристигнаа во Македонија
LG Electronics го претстави Optimus 7, првиот телефон во Македонија кој работи на тазе објавената и комплетно редизајнираната Windows Phone 7 платформа.
LG Electronics го претстави Optimus 7, првиот телефон во Македонија кој работи на тазе објавената и комплетно редизајнираната Windows Phone 7 платформа.
Македонската .НЕТ заедница на програмери, МКDot.NET, ја организира втората Code Camp конференцијата. На конференцијата, која ќе се одржи на 6-ти ноември, сабота, во просториите на ФОН Универзитетот, ќе зборуваат 10 домашни и странски предавачи за актуелни теми од областа на софтверското инженерство. Предавањата паралелно ќе се изведуваат во две сали со почеток од 8:30 часот.
По Gmail и Yahoo, сега и Microsoft претстави опција за Hotmal со која ќе може да се менаџираат мејловите од другите сервиси.
Во Македонија софтверот е скап и поради тоа се пиратира. Пример, 110 евра за Windows Home edition, исто околу 7.000 денари за Office. Toa за некого е вредност на една плата, пари потребни за месечни студии... а треба и пари за друго парче сотфер, нели?
Мicrosoft на 15 ноември ќе го стартува веб базираниот Games for Windows Marketplace, односно пазар преку прелистувач за игри каде корисниците ќе можат легално да си купат игри.
Time.mk ги редизајнираше групите, и категоријата „Технологија“ се најде во „Живот“ заедно со другите спорадични теми, забава, музика, здравје итн. Ова не е случајно или грешка, групите се составени според изворите или според темите, но е комплетно погрешно. Ситниот, за некои неприметлив детал, промената на категории на Time.mk ја отсликува целокупно состојбата на развојот и разбирањето на технологијата во Македонија.
По осми пат Microsoft Македонија ја организира конференцијата „Визија" која се смета за една од поголемите и позначајните ИТ конференции во државата каде што "се обединуваат ИТ професионалците, програмерите и менаџерите на едно место."
Bing.com сега како резултати од пребарувања ќе покажува „Like" информации од Facebook Instant Personalization. Ова значи дека кога корисникот, кој е претходно логиран на Facebook, ќе пребарува на Bing покрај стандардните резултати ќе се појавуваат и лицата на неговите пријатели кои кликнале Like на тој линк. Најдобар пример е пребарување на филм, музика или слика. Кога ќе пребарувате некој филм интересен за вас ќе видите и на кој од вашите пријатели му се допаднал тој филм, како на сликата погоре.
Microsoft официјално ја претстави својата нова мобилна платформа Windows Phone 7. Microsoft комплетно ја редизајнираше својата нова платформа со цел да конкурира на iPhone, BlackBerry и Android паметните телефони.
Во најновиот број на неделникот Глобус се објави листа на „20 највлијателни личности во македонската информатичка технологија“. Списокот на највлијателните личности е подолу заедно со објаснувањето за влијателноста. Се чини распоредот е случаен. (btw листата има повеќе од 20 луѓе, има 23 наредени точки, но има и по два-тројца поврзани со компанијата...)
Microsoft ja пушти за симнување бета верзијата на Internet Explorer 9. Од новиот прелистувач се очекува не само да ја задржи, туку и продолжи IE доминацијата на пазарот на прелистувачи каде Firefox и Chrome стануваат сериозни играчи. Во последниве три години користењето на IE забележува пад од 90 до сегашниве 60 отсто. Покрај конкуренцијата дополнителна грижа за IE е и европската забрана да се дистрибуира IE со инсталација на Windows, односно корисникот сега при инсталацијата ќе има избор од неколку прелистувачи.
Користејќи го пиратирањето на лиценците нa Мicrosoft како изговор, руската полиција прави рации на канцелариите на невладините организации за човекови права и екологија во момент кога НВО-та сакаат да го привлечат вниманието на јавноста. Полицијата ги одзема целите компјутери на организациите, велејќи дека истражуваат кражба на интелектуална сопственост. Ова ретко им се случива на организации и медиуми кои се наклонети кон властите, пишува New York Times.
Токму така :) Х.Д.Мур (Metasploit Project) по изјавувањето дека пронашол 40-тина ранливости во Microsoft производите, на 22-ри август го објави и приборот за ревизија на DLL библиотеките и нивно “киднапирање” или hijacking. Се работи за DLLHijackAuditKit v2 со кој извршувате проверка за сите екстензии регистрирани во вашиот систем и нивни соодветни библиотеки, како и нивна експлоатација. Приборот се користи едноставно, ревизијата трае од 15-30 минути и потоа се креираат експлоатациски кодови во фолдер Exploits кои можете да ги користите за било какви цели :)
ZDNet објави слика и пост од новиот интерфејс на Internet Explorer 9 превземени од рускиот сајт на Microsoft пред истите да бидат одстранети. Од сликата се гледа дека IE 9, како и сите модерни прелистувачи, има интересен и едноставен дизајн со кој се остава повеќе простор за веб страната, прелистувачот има само навигациски бар и помалку копчиња.
Со оглед на тоа што сега Министерството за информатичко општество ќе организира ИТ обуки за невработени, па би сакал општо мислење особено за оние обуку поврзани со мрежи, прашува MarjanS.
Првата верзија на Internet Explorer дебитираше на 16 август, далечната 1995 и по кратко време го грабна поголемиот дел од пазарот на прелистувачи кој го има и ден денес. Internet Explorer е најкористениот прелистувач во светот со над 56 отсто. Но, како што може да се види од табелата на StatCounter, во последниве две години IE добива се поголема конкуренција во Firefox, Chrome, Opera и Safari.
Новиот подобрен Hotmail сега е достапен за сите 350 милиони корисници ширум светот, во 220 земји. Ова е еден од најголемите редизајнирања на мејл сервисот до сега.
Windows Phone 7 ќе се појави на есен, а сега започна тестирањето на новиот мобилен оперативен систем. Microsoft подели неколку прототип телефони со мобилната седумка на неколку програмери и ИТ блогови од Силиконската долина да го тестираат и рецензираат.
Корисниците на Мicrosoft клиентот за имејл - Outlook сега можат да гледаат Facebook постови и слики од своите контакти. Покрај Facebook, додадени се и MySpace и Windows Live месинџерот, а од претходно беше достапен и LinkedIn со што се добива добра листа на друштвени мрежи преку кои можете да ги следите најновите информации од вашите контакти.
Acer, Dell, Samsung, Toshiba, Sony и уште неколку производители на компјутери веќе работат на Windows таблет PC-јата, рече директорот на Мicrosoft, Стив Балмер, на WorldWide Partner Conference.