Каква цена треба да има софтверот во Македонија?

во ИТ.МК, Софтвер

Затоа Zimrie, член на форумот, отвори дискусија и праша колку, според .мк стандардите, треба да биде цената на софтверот.

Според неколку члена тие ако Windows 7 Home изданието е околу 3.000 денари, тогаш тие би платиле за софтверот. Според други, цените треба да се според стандардите.

„Па спрема нашиот стандард би требало да се по 30-ина евра. Ако имаме некогаш 1.000 евра просечна плата, тогаш ќе може да се издвојат 150-200 евра за оперативен систем.“ вели Olikomerc.

Но според некои членови, .мк менталитетот е таков што и софтверот да е евтин, сите ќе го пиратираат.

„Едно нешто да ни биде јасно: ние имаме друг менталитет американците друг. Ако во Македонија лиценциран Windows 7 ќе биде и 500 денари, а пиратскиот 150 денари секој пак би го купил пиратскиот или би го земал од торент да не дава 500 ден. за нешто што му е најпотребно.“ вели Supporter.

Lynx пак дава контра-аргумент на целата тема, вели зошто пак би некоја компанија привилигирала „банана република“ наместо развиена земја?

DynamicMK се сврте кон реализирање на проблемот со интересна идеја врзана со политички користениот поим „земја на информатичари“.

„Не знам колку Microsoft може да ни помогне. Би можело да е 10 пати поевтино меѓутоа остатокот да го покрие државата ако смета дека треба да го направи тоа. Друго решение мислам дека нема.“ вели тој.

Од друга страна пак, ако ти дадам тебе и другите ќе сакаат нели?

„Кога ќе завршиш со дигање пароли “долу за цените на MS”, префрли се пред Porsche Македонија, да ги намалат цените на Audi, VW и Шкода, да ги направат по 2.000 евра нови, за нашиот стандард, после прошетај се пред влада и министерства, да ги намалат цените на станбениот простор, согласно со нашиот стандард. После ќе видиш дека многу кај нас користат Adobe и Аutodesk програми, ќе идеш ли и кај нив да мрчиш за цените, кога на Photoshop цената е $900, и Maya е $2.400, да ги прилагодат за нашиот стандард.“ вели FiC DoGG.

интересната дискусија продолжува на форум.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
zIWe
zIWe
11 years ago

Каква цена??? Прашањето не е каква цена, туку како да се натера македончето прво да го респектира тоа што се сработува дома, за да знае што ќе добие за таа-и-таа цена од .МК софтвер, а за која цена ќе добие сличен или подобар софтвер од странство?! А и факт е дека секој еден оди и бара ефтин софтвер (по можност и да му го дадат за џабе), а со јаки перформанси. Извинете на израз… али "џабе нема ни код бабе."

Искрено мислам сега и да дојде време и да се живне малце, во Македонија ќе остане пак она колку што може поефтино да се пројде, без притоа да се цени она квалитетното.

И на крај после оние 25 год. што ги потрошил Ванчо и покрај оние посакувања и мечтаења и мислења на Пеце повторно и само повторно ќе се појави некој кој ќе каже "Ало, не живете во заблуда! Зашто ве прават будали кога има се на интернет за без пари?!" ….

Ванчо Орданоски

И веќе се изморив објаснувајќи им на купувачите дека не сакам за „5 минути“ да заработам 10.000 евра.
Не се 5 минути, туку 25 години, плус 5 минути!!!

Ванчо Орданоски

Цената на една копија на Windows има апсолутна и нераскинлива врска со цената на софтверот кој го продаваат македонските компании.
Имено, се работи за *перцепција* на вредноста на инаку многу тешко мерлива вредност, каква што е софтверот. Колку е поевтин Windows, толку помалку ќе можеме да добиеме за нашиот софтвер, затоа што јавноста ќе *мисли* дека ние имаме вложено релативно помал труд во нашиот производ.

Успат, не сакајќи никого директно да навредам, дискусијата на форумот е пиљарска и „одокативно-шацотивна“ — нема врска со економските правила и само ги изразува добрите желби на некои од учесниците во дискусијата (за кои се сомневам дека просечно имаат по 17 години).

Факт е дека со тоа што не спроведува *одлучни* мерки за стопирање на пиратеријата, нашата држава директно и непоправливо ѝ наштетува на домашната софтверска индустрија, а индиректно и на сите вработени и поврзани со неа.
Тоа е една од причините, ако не и водечката, зошто просечната плата на програмер во Македонија е 23.000 денари, како за продавач на тезга на Бит-пазар.

Пеце
Пеце
11 years ago

Едно е јасно Microsoft никогаш нема да прави компромиси за цени а и никогаш не правел.
Мене друго ме интересира. Што е со менталитетот и потребата на софтвер но за локални потреби во македонија прилагоден на локалната економија и барања независно. Колку Макеоднците би плаќале за таков софтвер независно дали се компании или поединци. Има многу IT компании во МК за кои пазарот во странство е единствено место за одржување на компанијата.

Кога владата може да го заштитува Microsoft кој нели наплаќа со цена која не одговара на Македонскиот стандар мене ме интересира што ќе се направи за да се заштити и поткрени свеста за користење на софтвер но од нашите фирми. Зошто во сопствената држава јас како дел од IT секторот треба да убедувам манаџери и сопственици да користат софтвер со кои ќе го направат бизнисот попрофитабилен ќе добијат на време и пари а тие се загрижени да го платат win 7. Што има тоа со стимулација на домашните IT компании?

Жална работа! Уште малце ќе е Нова Година 2011. Пред 20тина години како дете мислев дека во ова време колите ќе летаат и во МК.

види ги сите огласи на kariera.it.mk