- Игор Лештар, сопственик на Seavus – Seavus е најголема ИТ компанија во Македонија со над 500 вработени. Нивните програмски решенија се продаваат низ 68 земји.
- Владимир Трајковиќ, професор на ФЕИТ – ко-основач на Seavus, веќе не работи во компанијата поради „дијаметрално спротивните гледишта со Игор Лештар“. Тој е претседател на Здружение на граѓани ИЦТ АЦТ, објавува ИТ текстови во Springer. Креатор на прва електронска група за размена на литература за ИТ. Сопственик и дизајнер на Sportypal.
- Предраг Чемерикиќ, Сашо Мацаноски – Трендо и Горан Милев, сопственици на On.net – On.net e интернет оператор со сопствена веб страна.
- Иво Ивановски, министер за информатичко општество – го води проектот е-Влада и е заслужен за ИКТ развојот на образованието.
- Јани Макрадули, пратеник и асистент на ФЕИТ во мирување – постојан креатор на владина програма за информатичко општество.
- Бардил Јашари, директор на Фондација Метаморфозис – Метаморфозис е организација која ги истражува можностите за развивање партнерство за зголемување на јавен пристап до информатичка технологија во Македонија. Г. Јашара води најголем број проекти за развој на ИТ на национално и меѓународно ниво. Комесар во Агенција за електронски комуникации – регулаторни орган за телекомуникации во Македонија и членува во Националниот совет за информатичко општество на Македонија.
- Игор Трајковски, професор на ФЕИТ и сопственик на Time.mk – Еден од ретките македонци кој работел во Google. Креатор на Time.mk и Borg.mk.
- Владислав Попов, директор на Neocom – најстара ИТ компанија во македонија. Развива стратегија за имплементирање и одржување на доверливи системи, клиенти му се Фонд за здравство, Cosmofon, Македонски пошти, ЕСМ, Мобимак…
- Маргита Кон-Поповска, професор на ПМФ и претседател на УО на МАРНет – претседател на управен одел на МАРНет, тело кое раководи со интернет домени во Македонија и се грижи за над 3.000 сајтови. По нејзина заслуга изградена е универзитетска гигабајтска оптичка и безжична мрежа.
- Александар Марјановиќ, основач и раководител на Alexandria – Alexandria е најстариот ИТ едукативен центар во Македонија. Продуцира кадар како: мрежни инжинери, администратори, графички дизајнери…
- Ванчо Ордановски, директор на InfoProject – автор на закон за интернет трговија и иницијатор за формирање на Национален форум за интернет надзор.
- Огнен Фирфов, раководен директор за продажба на Македонски телеком – има заслуга за воведување на Интернет во Македонија, има учество во изградба на интернет сервисот на Македонски телеком. Работи на MаxTV услугата.
- Венко Глигоров, директор на Login Systems – го донесе Canon во Македонија, со Login Systems работи со компании од соседството.
- Александар Пајковски и Коце Петров, основачи на Дуна компјутери – основачи на најбрзо растечкото ИТ претпријатие, единствен провајдер на AIDC решенија на македонски пазар, основачи на прва дигитална печатница, го реализираа проектот за одбележување на домашни животни со вградување RFID чип во соработка со Институт за сточарство при Земјоделски факултет. Го донесоа Apple vo Македонија, дистрибуираат Garmin GPS алатки.
- Миша Поповиќ и Игор Стаматовски од Слободен софтвер Македонија – претседател и потпретседател на Слободен софтвер Македонија, организација која го промовира Слободниот софтвер и локализирање на истиот. Основачи на хаклабот КИКА. Работат на Национална политика за слободен софтвер.
- Сеад Џигал и Дарко Булдиоски, основачи на Центар за нови медиуми – блогери и креатори на Центар за нови медиуми, промовираат ефективна употреба на нови медиуми, промовираат медиумска описменување.
- Зоран Глигоров и Здравко Стафилов, творци на Macedonia Search – порталот содржи вести, но и најголем директориум на македонски сајтови. Преведуваат TED говори.
- Тони Петрески, директор на INet – INet е најголем дистрибутер на IBM за Македонија, Косово и Албанија.
- Васко Кроневски, директор на Next Sense – Next Sense e креатор на електронски систем на зонско паркирање, домаќин на конференцијата за е-демократија со над 50 гости од југоисточна Европа, Среден Исток и Африка, креатор на ulsugi.gov.mk, работат на решенија за јавен сектор.
- Горан Митрески, директор на КабТел CableTel – претседател на Управен одбор на МАСИТ, член на борд на директор на WITSA. КабТел CableTel две години по ред е меѓу 200 најуспешните компании во Македонија и се единствен сертифициран тренинг центар за LAN кабелски системи на Балканот. (Големо извинување до г-динот Митрески за случајната грешка… :$)
- Мери Кучера-Илиевска, директорка на Oracle за Македонија – Oracle дистрибуира софтвер ширум светот на 370.000 корисници.
- Илијанчо Гаговски, директор на Microsoft Македонија
- Петар Индовски, менаџер на GORD Systems – развива и имплементира решенија за мали, средни и големи претпријатија. Добитници на МАСИТ награда за деловни решенија за работење на швајцарската компанија DiaHEmAG.
Скенираните страници од Глобус http://imgur.com/PbGhl.jpg http://imgur.com/O5pen.jpg http://imgur.com/cAODr.jpg enjoy ;) #nekojkupuvaglobus

Коментари
50 коментари
Коментарите се затворени.