4 коментари 1 мин. читање

Новиот Windows Phone 7 доби позитивна критика

Рецензиите се доста позитивни. Најголемото вниманиe го привлече новиот и интересен Metro интерфејс, кој е комплетно различен од конкурентите.

Подолу ќе најдете видеа за како изгледа Windows Phone 7 и што нуди, а рецензии за прототипот ќе најдете на ТеchCrunch, Engadget и Gizmodo.

Доколку сакате да се вклучите во дискусијата и да дознаете повеќе за мобилниот ОС на Microsoft ќе треба да се регистрирате на windowsphone7.com.

Од двете видеа се гледа комплетно новиот изглед, интеграцијата во реално време со друштвените мрежи што е доста истакнато на Windows Phone 7, без врска дали се работи за пораки, фотографија и видео, се може да се сподели со пријателите. Второто видео е интересниот изглед на Marketplace, пазарот за апликации кој како и ОС-от ќе се појави на есен. Инаку веќе е објавени бета верзијата на програмерскиот кит за креирање на апликации.

Кога сме кај апликациите Windows Phone 7 има Office апликација за разгледување документи со можност за соработка во реално време. Интересно е и разгледувањето на мејловите. Еве кратки видеа како тоа изгледа.

Според рецензиите и ова што може да се види Microsoft ќе има интересен продукт. Останува да видиме како тоа ќе функционира со хардверските производители, и секако како ќе им се допадне на корисниците.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top