Интересни Foursquare бизнис идеи од Македонија
Foursquare, друштвената мрежа за споделување информации, станува интересна не само за македонските корисници туку и за македонските локални бизниси.
Foursquare, друштвената мрежа за споделување информации, станува интересна не само за македонските корисници туку и за македонските локални бизниси.
РобоМак е натпревар во роботика, организиран со цел да ги популаризира роботите меѓу студентите. РобоМак 2010 се одржа изминатиов викенд, а подолу ќе најдете слики и видео од настанот кој е организиран од Институтот за електрични и електронски инжинери (IEEE) и Европска асоцијација на студенти по електроника (EESTEK).
DobraRabota.mk е портал за вработување, на кој корисниците можат да закачат своја биографија, а работодавачите да објавуваат огласи за работа. Сајтот е посветен кон вработувањето, што може го истакне сајтот од конкуренцијата, барем така се надева Небојша Галевски од dobrarabota.mk.
Најдобрите програмери од натпреварот во програмирање CodeFu, организиран од Netcetera, ќе патуваат во Цирих на Jazoon, Java конференцијата за млади програмери.
Колкави се платите на програмери во Македонија?
Од организирање протести до објавување на најновите продукти и наоѓање пријателства, Facebook стана важен фактор во секојдневието на околу 692.000 корисници од Македонија. Тоа значи дека за само два месеци, од фебруари, додатни 150.000 луѓе си отворија профил. Неверојатно, скоро 1/3 од Македонија е на Facebook.
Најголем проблем за дигиталната размена на документи меѓу администрациите е недоволно развиената комуникација меѓу државните институции, вели Министерството за информатичко општество пишувајќи за средбата меѓу ИТ министерот Иво Ивановски и директорот на УЈП Горан Трајковски.
Our own Дамјан беше поканет да одржи предавање за веб дизајн на Економскиот факултет како гостин на професорката Вера Наумовска од Е-бизнис катедрата.
По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост во хаклабот „КИКА“ се дискутираше за авторските права во денешново дигатално време.
Со цел полесно да дојдеме до информација за тоа што се нуди на нашиот пазар во поглед на компјутерски хардвер, најпрактично е кога IT продавниците имаат на својот веб сајт и ценовници со нивната понуда на компоненти.
Иако македонските интернет корисници ретко ги посетуваат онлајн продавници барем еднаш, сепак истражувањето на New Moment за интернет трговијата покажува дека граѓаните често ги посетуваат онлајн продавниците за да се информираат за производи.
Македонските власти поднеле помалку од 10 барања за да се тргне од сервисите на Google. Скоро сите реакции се од Дирекцијата за заштита на лични податоци, додека „најпопуларните“ содржини на YouTube исполнети со радикален говор на омраза и повик за убиства и криминал остануваат достапни за јавно и кретивно дебатирање. За тие видеа Оделот за компјутерски криминал на МВР не е заинтересиран велејќи „треба прво да се пријават“.
Е-учебници.мк е дигитална библиотека на електронски учебници наменета за помладите, учениците од основното и средното образование, како и за наставниците и родителите.
Пред некој ден читав за успешно формираната Пиратска Партија на Бугарија, една од повеќето европски пиратски партии, пишува HijackHacker на форумот на It.com.mk.
Текнувало.мк (бета) е колаборативен сервис за поставување и одговарање прашања од области поврзани со програмирањето. Сервисот е граден според моделoт на stackoverflow.com, и е наменет на македонската програмска заедница.
Како може огромен интернет провајдер да не може да поправи проблем 12 часа? Интернет конекцијата ја снема сабајлето во 3, барем кај мене, а се појави во 15 часот. 12 часа македонските корисници беа без поим што се случува. Би сакал да си го сменам провајдерот. Но сите ние сме обврзани со договор на година-две.
Upload е нов бесплатен македонски on-line магазин за технологија и гаџети кој ги користи мултимедијалните ефекти да прикаже поинтерактивна содржина.
Министерството за внатрешни работи стартува нова услуга за граѓаните кои аплицираат за вадење патни исправи и возачки дозволи. Плаќањето на задолжителните таксени марки ќе може да се изврши преку СМС порака на телефонскиот број 144166 (со префикс на кој било од трите мобилни оператори –VIP, Т-mobile, ONE). При тоа е важно по испратената кодна порака, граѓаните да го задржат повратно добиениот трансакциски код кој што ќе треба да го сочуваат и презентираат пред шалтерскиот работник.
Деветнаесет медиуми и портали се договорија на принципи и стандарди за меѓусобно превземање и споделување содржина. Иницијативата, објавена во Утрински весник, e последица од незадоволството на медиумите како нивната содржина се превзема од одредени портали и агрегатори на вести. Првичната иницијатива од јануари не беше соодветно направена и беше критикувана бидејќи пред се ги заштитуваше медиумите, без да ги заштити и веб сајтовите, но... се чини дека оваа иницијатива е поконкретна со поспецифицирани правила.
Со цел да го промовира и објасни начинот како функционира онлајн шопингот, а со тоа и да го промовира истиот, TC.mk стартуваше кампања - 1 брендирана шоља за 1 денар со бесплатна испорака.