Според истражувањето спроведено во Скопје, 57 отсто од 330 испитаници рекле дека купувале онлајн и дека нajсоодветно платежно средство за граѓаните се кредитните картички. Но… истражувањето покажува дека растот на интернет трговијата е спречен поради стравот, односно пречката за граѓаните е безбедноста и гаранцијата дека ќе ги добијат своите електронски уреди и облека, кои се најомилените нешта за купување онлајн. Имено 58 oтсто од испитаниците одговориле „не знам“ на прашањето „Дали сметаат дека .мк онлајн продавниците се безбедни?“.
На ова истражување може да се надоврзe и неодамна објавениот резултат на онлајн продавницата exqusite.mk каде се гледа дека профитот во последните 3 месеци е еднаков на профитот од изминатата година, односно луѓето сега се поопуштени да купуваат онлајн.
Подолу е презентацијaта на New Moment, а слики од настанот ќе најдете на Flickr профилoт на IT.com.mk.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.