„Со користење на современи технологии за дигитално публикување создадовме можност за бесплатно и исклучително пријатно искуство за читање на дигитални публикации и превземање на книги во било кое време и од било каде. Користењето на ресурсите на овој портал ќе им помогне на учениците во совладување на наставните содржини на еден иновативен и интересен начин, а на наставниците во подготовка и презентирање на наставниот материјал со помош на информатичките технологии.“ објаснува Министерството за информатичко општество кое ја стартува оваа дигитална библиотека.
Порталот нуди можност за интересно и лесно прегледување на книгата, но и можност истата да се симне во .PDF формат. (совет: за да не ја отвара книгата во прелистувачот, кликнете на десното копче на глувчето врз „преземи ја книгата“ и одберете „Save Link As…“ за директно симнување.)
Во моментот има околу 60 книги, но МИО вели дека сервисот е во изработка и во иднина порталот „ќе прерасне во основен ресурс за пристап до огромен број електронски учебници од едно централно место.“
Коментари
17 коментари
Коментарите се затворени.