4 коментари 1 мин. читање

Магазинот за гаџети Upload го објави првиот број

Дизајнот е интересен и одлично одговара на хардверската ориентираност на овој магазин. Користејќи ги Flash ефектите се добива една поинаква димензија за објаснување на гаџетите, и му помага на дизајнот да не биде се натрупано на едно место. Покрај тоа го инволвира и корисникот кој одбира која содржина да ја прегледа.

„Сметам дека он-лајн магазините се иднината на издаваштвото, затоа што трендовите глобално говорат за криза кај печатените медиуми. Единствениот модул тие да преживеат е да се трансформираат во интернет изданија, кои имаат голем број на предности како: достапност, интеракција и можеби најважното – тие се бесплатни. Мислам дека има простор за веб магазин на македонски јазик иако публиката можеби се уште не е навикната на ваквиот тип на медиум, но времето оди во прилог. “ вели Зоран Зафировски од Upload магазинот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top