9 коментари 1 мин. читање

Стартуваше Teknuvalo.mk, прашања и одговори за програмери

Интересно е што коментарите и одговорите можат да се модерираат од другите корисници, налик на Wikipedia, со цел да се дојде до поточен одговор.

„Апликацијата е така обмислена да ги награди тие што треба а да ги обесхрабри тие што не се заинтересирани и контрапродуктивни. Пример за тоа е пишување на коментари, не може секој да пишува се додека не се стекне со правото, односно одговори или постави добри прашања. Во основа би биле прифатени сите програмерски или администраторски прашања.“ вели Мите Митрески еден од креаторите на Teкнувало.мк.

Бидејќи е за програмери на Teкнувало.мк ќе можат да се објавуваат и кодови како решенија/одговори, а зависно од активноста на членовите и нивните одговори истите ќе бидат наградувани со репутација и медали.

Текнувало.мк moжете да го најдете и на Facebook.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top