ИТ.мк: Договорени нови принципи за превземање содржина

во ИТ.МК

Еве ги петте договорени принципи за превземање текстови и фотографии:

1. Потписниците на иницијативата се согласуваат во најкратко можно време да стават импресуми на своите веб страници и да наведат дека содржината е заштитена.

2. Потписниците на иницијативата се согласни дека содржината објавена на веб страниците е пазарен производ заштитен со авторски и други сродни права и оти секое користење за какви било цели, е единствено можно преку директен договор со издавачот.

3. Потписниците на иницијативата се согласуваат дека порталите кои ги реобјавуваат нивните авторски содржини по принцип на агрегација на информациите, тоа ќе можат да го прават под следниве услови:

  • а) секое преземање да биде направено по претходен договор со издавачот
  • б) да се преземаат наслов и поднаслов (вовед) на веста во должина до 180 карактера, а оние фотографии кои се оригинални да се преземаат во димензии не поголеми од 90×90 пиксели
  • в) преземената информација да се отвора со еден клик во нов прозорец на прелистувачот, во кој читателот ќе биде однесен со директен URL до сајтот од каде е преземена информацијата и тоа без присутната рамка на сајтот – агрегатор
  • г) секој од потписниците на иницијативата се согласува кога ќе пренесе туѓа информација од веб страна, согласно тука наведените услови, коректно да го пренесе и линкот кој што води до изворот на информацијата, а истото ќе го бара и од оние што ги пренесуваат нашите содржини (забелешка: Ова значи дека и медиумите мора на нивните сајтови да постираат линк соодветно напишан на латиница)
  • д) се остава правото на поинакво пренесување на вестите и другите содржини на потписниците на оваа иницијатива, доколку e тоа плод на заемен договор помеѓу издавачите, односно сопствениците на медиумите од една страна и електронските платформи, односно сопствениците на агрегаторите и другите веб страници што ги пренесуваат оригиналните содржини, од друга страна

4. Сопствениците на радиостаниците кои пренесуваат заштитени информации од издавачите согласно точка 1 од оваа иницијатива, се упатуваат на договор со издавачите. Радиостаниците немаат потреба од договор само доколку во своите говорни содржини пренесуваат наслов и поднаслов од информација објавена од издавачите, а притоа целосно и коректно го нагласат изворот на насловот и поднасловот, односно издавачот, односно медиумот (со целата негова веб адреса) или доколку во говорната содржина прават прилог, најчесто наречен "преглед на печат"

5. Стандардите околу кои се согласни потписниците на иницијативата имаат за цел доброволно воведување ред во однос на заштита на авторските и другите сродни права, пред се во интернет просторот. Непочитувањето на овие стандарди ќе биде предмет на индивидуална или групна заштита на авторските права согласно законските прописи на Република Македонија.

Потписници на иницијативата се: A1 и А2, Алфа, Алсат, Вест, Време, Дневник, Идивиди, Инпресс, Канал 5, Канал 77, Кајгана, Макфакс, Нетпрес, Нова Македонија, Телма, Утрински весник, Форум, Шпиц.

IT.com.mk иако присуствуваше на еден состанок, не беше повикан да се потпише на иницијативата, но и покрај тоа ќе ги почитува принципите и ќе внимава пред се содржината и линковите на IT.com.mk да не бидат злоупотребени од потписниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
4 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Гоце
Гоце
14 years ago

И што треба да значи тоа за агрегаторите? Дека или треба да потпишат договор со сите медиуми или да престанат да постојат. Баш фино.

Горазд
Горазд
14 years ago

Незнам чуму кревање прашина. Изгледа погрешно сте го сфатиле сето ова. Медиумите едноставно се договориле меѓусебно на кој начин да превземаат и споделуваат содржини (во случај да превземаат), како некој кодекс на меѓусебен фер плеј. Убаво пишува во првата реченица "Деветнаесет медиуми и портали се договорија на принципи и стандарди за меѓусебно превземање и споделување содржина."

trackback

[…] почнав да пишувам пост, па се испишманив. Тогаш It.com.mk има фин осврт, додадов неколку коментари и твитови и […]

Гоце
Гоце
14 years ago

а оние фотографии кои се оригинални да се преземаат во димензии не поголеми од 90×90 пиксели – wtf?!