Што следува сега откако комуникацијата на многумина е нарушена, упропастен е работниот ден, упропасте ни се школските часови… дали T-home ќе понуди бонус бесплатен ден? Додатен гигабајт да се искупи за ова грешка? Не… арогантното однесување ќе продолжи како ништо да не било.
„Имаме проблем со интернационалните врски.“ вели корисничката служба без идеја кога ќе биде решен проблемот. Ниту има официјално објаснување што е проблемот, ниту ќе има професионално извинување. Како ништо да не се случи. 12 часа. Но… затоа на информативната страна за Корисничка поддршка ќе најдете уште реклами и услуги. Каков однос е тоа спрема корисникот кој плаќа за услуга?
Да биде ситуацијата уште позабавна, ова се случува еден ден откако се објави оваа вест – Македонските корисници задоволни од услугите.
„Македонските граѓани се задоволни од актуелните цени што ги плаќаат за фиксен, мобилен телефон и интернет како и квалитетот што го добиваат од овие телекомуникациски услуги. Ова го покажува најновиот извештај на агенцијата за електронски комуникации.“
Ненамерно, но со право АЕК е напишана со мали букви!
Сакате да знаете што мислат интернет корисниците чија работа зависи од таа конекција. Еве го Twitter и еве го форумот за да видите колку се корисниците задоволни. Уживајте!
















Коментари
27 коментари
Коментарите се затворени.