Интересни Foursquare бизнис идеи од Македонија

8 коментари 1 мин. читање

Првиот пример го видов на Facebook каде на прашање за Foursquare, Caramelo, мало кафуле од Скопје, одговори дека секој „градоначалник“ на Caramelo ќе добие 25% попуст додека е на таа функција. Нa Foursqare се станува „градоначалник“ кога најмногу од сите ќе го посетите/тагирате тоа место. (Komunikacii.net објавија видео интервју со Коста Стаматовски од Колектив, агенцијата која го води маркетингот на кафитеријата)

Втората интересна промоција ја видов на Twitter каде @Vikeli компјутери од Прилеп му спреми поклон на @mnastoski затоа што е првиот кој ги чекирал на Foursquare.

Полека, но сигурно друштвените мрежи стануваат моќна алатка во рацете на локалните бизниси. Бизнисите преку нив можат да комуницираат директно со потрошувачите и да ги искористат креативните друштвени игри за да промовираат услуга и да се рекламираат бесплатно.

Што е Foursquare ќе видите во видеото подолу.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top