8 коментари 1 мин. читање

е-Документи и е-Даноци

Целта на средбата е да се најдат решенија за „воведување правни, организациски и технички мерки за имплементација на системот Е-документи“.

Идеално, со дигитализација и поврзување на администрацијата граѓаните при поднесување/барање на услуга наместо да се шетаат меѓу институциите собирајќи фотокопии на разно-разни документи, сега администрацијата ќе може самата да ги добие сите документи што и требаат.

Исто така се најави и воведување на е-Даноци, што е систем преку кој ќе се овозможи граѓаните од дома да поднесуваат даночни пријави.. Ќе биде поставена и апликација за анонимно пријавување на даночни неправилности.

Најавено е дека прoектите „Е-Документи“ и „е-Даноци“ ќе се имплементираат до крајот на годината.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top