Партиите по 20 часа дневно на Интернет? Get a life!
Во Македонија скоро сите партии имаат тим за интернет кампања. Можеби мотивирани што скоро пола Македонија, скоро 900.000 гласачи се на друштвените мрежи, можеби импресионирани од кампањите на Барак Обама, партиите работат на Facebook профили на кандидатите, Twitter комуникација, YouTube видеа, се праќаат имејлови, се со обид да се биде што е можно поинтерактивни.