Пиратерија, или ја поддржуваме или ја презираме додека ја користиме

во ИТ.МК

Моментално повеќето форумџии, поточно 61% од нив немаат проблем со пиратеријата. Најчесто се споменува „нискиот стандард“ заради кој се пиратира софтвер кои чинат „скапи“ пари, се појави и интересен аргумент дека ако ја немаше пиратеријата ИТ-то немаше да биде развиено како што е денес во Македонија, или како што вели Chimpanzee: „Ако не е пиратеријата, нема од што да живееме. :)“. Но, од друга страна на тоа е аргументот дека има и слободен софтвер. А што е со музиката, филмот, тв сериите?

  • Не поддржувам пиратерија, бидејќи тоа е како лопов да каже „абе да можев да си го купам ферариво, немаше да го украдам“. Едноставно принципот е погрешен, особено кога има толку многу алтернативни open source решенија за речиси се што ти треба, вели Krale.
  • Сум бил, сум и секогаш ќе бидам против пиратерија, од причина што креаторот на тоа парче софтвер вложил време и труд во истото и за да некој го поседува/употребува би требало на некој начин да надомести (со плаќање), замислете се како вие вложувате време и труд во некој проект и некој со оправдание од типот на “кај нас е низок стандардот“ доаѓа и ви го краде, како би се чувствувале ?, вели Мasterficx.
  • Јас би рекол за домашни услови, ај да речеме ок е да користиш некој пиратски софтвер. Ама ако работиш никаков бизнис профитираш, а не плаќаш за софтверот преку кој заработуваш, е тоа не го поддржувам. Инаку доколку би платил барем за 60% од софтверот кој ко користам овде во .МК би работел добра една година можеби и повеќе за да го исплатам., објаснува AlexM.
  • Општо прифатено е дека секој кој презема пиратска содржина од интернет врши недозволена активност. И не случајно е така зашто придонесува кон развој на пиратеријата., вели Gokica.
  • Дискусијава не држи вода во оваа бедна државичка. Се знае кај нас колку е саатот., вели Fiasco.
  • Освен Win7 друго пиратско не гледам во мојот компјутер… според мене за секој платен софтвер има сличен софтвер но бесплатен. http://ninite.com/ мислам дека ги опфаќа сите категории. Имате антивирус, плеери, кодеци и многу други работи кои се бесплатни. Можеби не се како Photoshop, но тука ви е Inkscape, Paint.Net и многу други., Pipelin нуди алтернативи.
  • Да речеме дека имате инсталирано копија од оригинален Windows 7, тоа нема да ве направи дека користите илегален софтвер до оној момент кога ке инсталирате активатор или ВАТ отсранувач, секој би можел да си ја симне и инсталира trial верзијата и да си ја користи со или без оригинален сериски број и пак ќе кажам тоа не ве прави пират се дури не го активирате Windows-от со некоја пиратска алатка., вели Speedy.
  • Да не постоеше пиратеријата… во Македонија ќе беше ретко да најдеш човек што знае што е 3Д дизајн, продукција и пост продукција., вели Fuuuuzzzy.
  • Анкетава е нож со две оштрици. Од една страна пиратеријата е онаа која не доведе до ова што сме денес, а од друга страна пак оние кои живеат од изработката на софтвер имаат загуби. Но и покрај се сметам дека пиратеријата даде шанса на нашето IT општество (во Македонија) да дојдеме до нивото на кое сме денеска, вели Shifty.
  • Секоја повреда на авторско право е кривично дело. Единствена разлика прави заработката од тоа дело е должината на затворската казна. За ослободување не станува збор., вели Gdamjan.

… кој е вашиот изговор или оправдување? Сте за или против пиратеријата? Анкетата и дискусијата продолжуваат на форумот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk