Тweetaboogle, мешавина од Twitter и Google на Facebook интерфејс
Тweetaboogle е забавен и друшвен веб сервис со кој пребарувате низ Google, под резултатите добивате постови од Twitter како објаснување, и сето тоа го правите на Facebook интерфејс.
Тweetaboogle е забавен и друшвен веб сервис со кој пребарувате низ Google, под резултатите добивате постови од Twitter како објаснување, и сето тоа го правите на Facebook интерфејс.
Facebook вреди повеќе од Ebay и е трет најголем интернет бизнис по Amazon и Google во САД, вели Bloomberg. Оваа проценка е направена според SecondMarket, онлајн пазар за тргување на акции од приватни компании, Facebook вреди неверојатни 41 милијарда долари. Единствено пред Facebook се Amazon кои вредат 74.4 милијарди долари, и се разбира Google кој вреди 192.9 милијарди долари.
Покрај инстант пребарувањето, Google додаде и инстант прегледување на веб страни во резултатите. Имено, кога ќе пребарувате некој термин, линковите во резултатите ќе имаат опција (знак на лупа) за визуелен прeглед на веб страните пред да кликнете на линкот.
Google го смени Contact API-то да не дозволува трети, надворешни сајтови да извлекуваат Gmail податоци на сервиси кои не дозволуваат споделување на податоци. Тоа значи дека сега нема да можете да ја користите автоматската опција за додавање пријатели од други сервиси на Facebook. Но, како за инает на Google, Facebook најде начин како да ја заобиколи блокадата користејќи се со Gmail решение.
Како една од водечките иновативни компании на Google му е важно да ги вработи само најспособните и креативни умови. Токму затоа интернет гигантот при интервјуата за работа поставува едни од најлудите и најоткачените прашања. Логичките проблеми на прв поглед се откачени, но тоа што вработува е секако креативниот одговор.
Интернет гигантот им прати на сите Gmail корисници имејл во кој го објаснува резултатот од судскиот спор против него заради пропустите во приватноста на Google Buzz.
Google ќе им плати на хакерите доколку откријата ранливости на различни веб сервиси. Наградите ќе се движат од 500 до 3.133 долари зависно од ранливоста кои можат да бидат на Google.com, YouTube.com, Blogger.com или Orkut.com.
Google API конзолата е место за развивачите да го менаџираат АPI користењето на сите апликации и веб сајтови. Доколку се работу со тим, има и можност за менаџирање на групни проекти.
AdMob, мрежата за мобилни реклами на Google, стартува интерактивни реклами за Android телефоните.
Gingerbread е името на се уште не објавената 3.0 верзија на Android мобилната платформа. Google не даде официјална изјава, туку ова се потврди со видео „Ние готвевме нешто...“ во кое се гледа поставувањето на Gingerbread man статуетката на кампусто на Google. (Ако се чудите на името и статуетката, Gingerbread е колаче од ѓумбир, вакви колачиња во форма на човече се традиционално нешто во САД)
Google тестира подруштвени вести, додаде „Споделено од“ текстот покрај секоја вест. На прв поглед оваа информација заедно со бројот на „сличните написи“ ви ја кажува популарноста на веста, често и важноста на тие вести.
Time.mk ги редизајнираше групите, и категоријата „Технологија“ се најде во „Живот“ заедно со другите спорадични теми, забава, музика, здравје итн. Ова не е случајно или грешка, групите се составени според изворите или според темите, но е комплетно погрешно. Ситниот, за некои неприметлив детал, промената на категории на Time.mk ја отсликува целокупно состојбата на развојот и разбирањето на технологијата во Македонија.
Ерик Шмит во неодамнешно интервју изјави дека „тоа што автомобилот е измислен пред компјутерите е баг, грешка“ бидејќи луѓето се неодговорни кога возат. Се чини дека Googlе сака да ја исправи таа грешка. Пред некој ден Google објави на својот блог дека инвестира во технологија автомобилите да возат сами. „Нашите автономни автомобили користат камери, радар […]
Google тестира опција на страната со резултатите што ќе ви ја прикаже веб страната пред да кликнете на линкот. Доволно е само поставување на глувчето врз линкот и ќе ви се прикаже како изгледа сајтот. Интересно не се прикажуваат рекламите на сајтот.
Google го отвори за корисниците својот скратувач за линкови - goo.gl. Сервисот кој беше претставен скоро пред една година се искористи за интегрирање во сервисите на Google како News, Maps, Blogger... тоа и му беше замислената функција на сервисот.
Google додаде уште дваесетина земји, вкупно 29, од каде развивачи на апликации можат да се регистрираат со Google Checkout и да продаваат апликации. Меѓу новите додадени земји се Норвешка, Белгија, Канада, Данска, Финска, Шведка, Русија... целата листа тука.
Претходно беше неуспешна продавница, а сега google.com/phone адресата води кон галерија на сите Android телефони од разни производеители. Сите телефони се со Google продукти: Google Search, Gmail, Maps, YouTube...
Најновата аквизиција на Google е Ångströ, стартап компанија која прави апликации за полесно споделување информации преку друштвени мрежи и Вебот, апликации за наоѓање фотографии од Facebook и нивно извлекување, како и креирање на адресар со контакти во реално време.
Borg.мк е нов македонски интернет пребарувач на Игор Трајковски, креаторот на Time.mk. Досега македонското пребарување се сведуваше на Najdi.org.mk и pogodok.com.mk. Но се чини дека каде тие два пребарувачи не успеаваат, Najdi.org.mk е со ограничени извори, Pogodok.com.mк од 01.09.2010 нема да постои веќе, таму Borg.мк успева да понуди нешто интересно.
Пребарувањето на Yahoo од сега оди преку Bing пребарувачот, што е финализирање на транзицијата меѓу Yahoo и Microsoft. Со ова Bing го превзема уделот на Yahoo на пазарот на интернет пребарувања, и сега вкупно има околу 7.5 отсто. (Yahoo држи 4%, а Bing 3.5 според StatCounter)