0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2010

Google.com доби инстант прегледување на страни

Инстант прегледувањето дефинитивно ќе овозможи да дојдете до правите резултати, но и ќе го истакне веб дизајнот, придонесувајќи кон поинтензивно отварање на веб сајтови кои имаат попривлечен изглед.

Според Google, инстант прегледувањето има неколку предности:

  • Брзо споредување резултати – визуелно споредување помага при одредување на тоа што ви е потребно, како и која страна изгледа подобро
  • Точно одбирање на релевантна содржина – истакнатиот текст, одбележан во помарабжасто, би може понекогаш да ви означи каде се наоѓа терминот што го барате на бев сајтот, што ќе помогне да одлучите дали е тоа што го барате.
  • Интеракција со резултатите – прегледувањето на страните ќе ви дозволи да го видите дизајнот на страната. Барате графикон, слики, мапи или листи? Погледнете дали има во прегледот.

Опцијата постепено стартува и ќе биде достапна на google.com за сите корисници, но додека стане достапна за вас новата опција може да ја пробате тука.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top