19 коментари 2 мин. читање

Oткачените Google прашања за интервју за работа

Подолу е дел од логичките проблеми кои се „паѓаат“ на интервју за работа во Google, пример, работа како софтверски инжинер или менаџер за продукти… Подолга листа од 140 прашање ќе најдете на SeattleInterviewCoach.

  • Зошто сакате да се вработите во Google?
  • Колку голф топчиња ќе собере еден автобус?
  • Вие сте смалени во височина на монета и вашата маса е пропорционално намалена да одговарата на вашата оригинална густина. Тогаш сте фрлени во празен блендер. Острите ножеви ќе почнат да се вртат за 60 секунди. Што ќе направите?
  • Колку пати на ден сказалките на часовникот се поклопуваат?
  • Објасни дата база во три реченици на вашиот 9-годишен внук?
  • Дадени ви се 2 јајца. Имате пристап до 100-катна зграда. Јајцата можат да бидат тврди или кршливи, значи може да се скршат ако се фрлат од првиот кат или можеби нема да се скршат од 100-тиот кат. Треба да смислите највисок кат од 100-катната зграда каде може да фрлите јајце без да ги скршите. Прашањето е колку фрлања јајца ќе ви треба. Дозволено ви е да скршите 2 јајца во процесот.
  • Има latency проблем во Јужна Африка. Дијагнозирај го.
  • Зошто се поклопцита на шахтите тркалезни?
  • Човек го гура своето авто во хотел и го губи богатството. Што се случило?
  • Треба да прверите дали вашиот пријател Боб го има вашиот телефонски број, но не може да го прашате директно. Мора да напишете прашање на картичка која ќе и ја дадете на Ева која ќе ја даде картичката на Боб и ќе ви го врати одговорот. Тоа што мора да е напишано на картичката, покрај прашањето, е да се осигурате Боб да го шифрира прашањето без Ева да го дознае телефонскиот број?
  • Вие сте капетан на пиратски број, и вашиот екипаж гласа како да се подели златото. Ако половина од пола се согласат со вас, вие ќе умрете. Како предлагате да се распредели златото така да виде добиете добар дел, а сепак да преживеете?

… прашањата дефинитивно ќе генерираат и добри одговори нели? :)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

19 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top