Скоро 30% од Youtube видеото e префрлено на WebM
Сите нови видеа закачени на YouTube, како и 30% од целата видео библиотека, сега се транскодирани во WebM, слободен медиа формат за веб видео и аудио.
Сите нови видеа закачени на YouTube, како и 30% од целата видео библиотека, сега се транскодирани во WebM, слободен медиа формат за веб видео и аудио.
Славе Јовановски веќе две ипол години работи за Google-овиот YouTube, a во последниве 9 месеци е технички водач на новиот YouTube Live проект кој треба да донесе содржина во живо преку видео платформата која ќе е целосно интегрирана со останатиот дел од сервисот, и можеби крајната цел е да го замени телевизорот. Вели дека канцелариите на Google се баш како што ги замислуваме. Имаат се што ти душа сака.
Бевме запрепастени кога Groupon одби да се продаде за 6 милијарди на Google, но сека не знам што да помислам слушајќи дека Twitter одбил 10 милијарди долари понуда.
Google плати 25 милиони за Pushlife, компанија која развива софтвер за мобилно синхронизација на мултимедија, која може добро да се вклопи во плановите да објават музичка платформа.
Ерик Шмит се повлече оставајќи го директорското место во Google на еден од двајцата основачи Лери Пејџ кој веднаш по доаѓање на позицијата направи реорганизација на компанијата.
Не веруваме дека во решението 'еден број им одговара на сите', вели креаторот на Android и потпретседател на инжинерството во Google, Анди Рубин во блог пост демантирајќи ги извештаите дека Android станува затворена платформа или дека се бара стандардизација на уредите.
По Аpple и Google, сега и Microsoft се вклучи во плановите да се овозможат мобилните плаќања, пишува Bloomberg.
Microsoft поднесе официјална поплака до Европската Комисија против Google поради нелолајна конкуренција, за како што тие велат поседувањето на 95% од европскиот пазар на пребарување. Оваа поплака е само моќен додаток на истрагата која ja почна Европската Комисија во ноември 2010, а се однесува токму на нелојалната конкуренција.
Google официјално се откажа од QR кодовите во Google Places, прогласувајќи го овој нивен потег како неуспешен.
Во дискусија за Chrome на Reddit, Google инженер сподели дека нивната интернет брзина е 523.95 мегабити во секунда. Ова значи дека Google има 13 пати побрз интернет од eден од најбрзите оптички понуди во Македонија од 40 Мb/s, односно 40 пати побрз од просечната интернет брзина од 13 Mb/s во Европа.
Креаторот на Java програмскиот јазик, Џејмс Гослинг, се вработи во Google после 26 години верност на Sun, кој лани беше купен од Oracle. Интересно, Google го прави овој чекор во момент кога Oracle ги тужи за нарушување на авторски права и нивниот патент, поради тоа што Google користат Java во оперативниот систем Android.
Иран против Америка? Или пак само способен и искусен хакер кој си има свои причини? Украдените дигитални сигурносни сертификати кои се користат за онлајн трансакции во сопственост на Google, Microsoft, Skype и Yahoo, иранскиот хакер вели дека успеал да ги пробие сам, наоѓајќи слабост во системот, негирајќи ја поврзаноста со иранската влада.
Интернет гигантот заeдно со MasterCard и Citigroup работи на технологија за Android уредите со која корисниците ќе можат да купуваат само со ставање на мобилниот телефон пред мал читач на касите.
Според Елдар Муртазин кој е познат тоа што кај него стигаат прво информациите пред да дојдат до другите, Google заедно со LG работи на нов Nexus таблет со Honeycomb платформа кој ќе биде лансиран ова лето.
Youtube.com/create e бета сервис на Youtube со кој, преку користење на можностите на Xtranormal, Stupeflix и GoAnimate може да си креирате свое видео, ако можеби не поседувате камера.
Android, мобилнот оперативниот систем е со отворен код, секој програмер и производител на мобилни уреди може да го искористи за свои потреби, да го модифицира.
Think Quarterly е онлајн магазин креиран од Google, има 68 страници и се занимава со светот на податоците и нивното влијание врз бизнисот. Од визуелна гледна точка магазинот изгледа прекрасно. Дизајнерите и едиторите на овој магазин се креативната агенција The Church of London.
Speechify е екстензија за Chrome која овозможува говорно пребарување користејќи HTML 5, која се појавува само еден ден по најавувањето на API-то за говор и влегувањето на Chrome 11 во бета.
Wikipedia Beautifier е екстензија за Google Chrome кој го поедноставува интерфејсот на Wikipedia давајќи му централно внимание на текстот кој го читате. Можете да ја сименете овде и екстензијата веднаш автоматски ќе биде активна кога ќе ја посетите страницита на Wikipedia.
Page Speed на Google се користи за да ги опримизираат веб страниците на кои работат. Досега оваа алатка ја имаше само како екстензија за Firefox, а отсега може да ја инсталираат и Chrome корисниците. Секако, Google за овие корисници нудат една подобрена верзија, која е достапна на 40 јазици.