Покрај тоа што може да помогне со своите вештини и да придонесе за поквалитетни производи од Google, г. Гослинг може да биде и огромна помош што се однесува и до тужбата. Тој веќе ја изрази својата критичност кон тужбата од страната на Oracle, велејќи дека патентирањето не било првичната замисла на Java. Г. Гослинг реши да ја напушти компанијата со која остана 26 години минатата година баш поради тоа што беше купена од Oracle, изјавувајќи во моментот дека „се што има да каже за својата одлука би било многу искрено и би направило повеќе лошо отколку добро.“
Гослинг во својот блог вели дека сеуште не знае што ќе работи, но сите предпоставки паѓаат дека ќе помага во развивањето на Android.