Скоро 30% од Youtube видеото e префрлено на WebM

во Веб

„Отвореноста ќе му дозволи на секому да го збогати форматот и неговите интеграции, резултирајќи во подобро искуство за вас во подолг период. Како што работиме да ги транскодираме повеќето видеа во WebM, се надеваме да ги намалиме техничките некомпатибилности што ви оневозможуваат да пристапите до видео додека го збогатувате вкупнот видео пејсаж.“, вели YouTube на својот блог.

Оваа промена е дел од битката за кој кодек да се користи за HTML5 видеото, која е започната веќе подолго време. Одредени компании, како Apple и Microsoft го форсираат H.264 кодекот за кој се плаќа лиценца, додека Google, заедно со Mozilla, Opera и други, го преферираат WebM видео кодекот кој е слободен. Земајќи в обзир дека YouTube важи за, отприлика, 50% од сето гледано видео на Веб, Google ја има предноста. Но.. сега за сега, ќе остане и поддршката за H.264.

„За да ја одржиме нашата цел за видеата да бидат универзално достапни, ќе продолжиме да го поддржуваме H.264 како влијателен кодек за видеото на YouTube.”

Во тек е HTML5 експериментот на YouTube.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments