0 коментари 2 мин. читање 25 март, 2011

Google го „затвори“ Honeycomb, не сака да се користи за паметни телефони

Но, кодот од таблет верзијата на Android – Honeycomb – нема да биде комплетно отворен, барем во моментов, бидејќи Google не е сигурен како оперативниот систем ќе биде модифициран. Објавувањето на кодот на Honeycomb е одложено. Ќе биде достапен за поголемите производители како HTC, Samsung, Motorola… но не и за помалите производители и независни програмери. Всушност, кодот нема да е јавен, но постои можност да се побара истиот од Google.

Honeycomb е направен да се користи за таблет компјутерите, но со модифицирање на кодот ќе може да се користи и на мобилните, што е проблем за Google бидејќи ќе „може да даде многу лошо корисничко искуство“.

„Не сакавме да се мисли на што ќе треба за да истиот софтвер се користи на мобилните телефони. Тоа би барало многу повеќе додатни ресурси и ќе го продолжи нашиот распоред подолгу од тоа што мислиме дека е разумно. Затоа направивме кратенка.“, вели шефот на Android групата, Енди Рубин, за Bloomberg, додавајќи дека „Android се уште е отворен код. Не е сменета стратегијата“.

Од една страна, ова може да биде нефер за програмерите кои сакаат да го искористат таблет пазарот, но од друга можеби е корисно бидејќи претходно, токму поради достапноста, Android OС наменет за мобилни се користеше за таблет компјутери кои евентуално станаа префорсирани лоши продукти споредени со конкуренцијата која е Apple iPаd.

Можеби една од причината за „чување“ на Honeycomb е што се очекува летово да се објави Android 4.0 Ice Cream, што е подобрена верзија на ОС за паметните телефони.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top