ИТ.мк: Со 1 шоља за 1 денар за 1 ден до успех
Со цел да го промовира и објасни начинот како функционира онлајн шопингот, а со тоа и да го промовира истиот, TC.mk стартуваше кампања - 1 брендирана шоља за 1 денар со бесплатна испорака.
Со цел да го промовира и објасни начинот како функционира онлајн шопингот, а со тоа и да го промовира истиот, TC.mk стартуваше кампања - 1 брендирана шоља за 1 денар со бесплатна испорака.
MirrorMe е една од покретивните забавни Facebook апликации која користејќи софтвер за препознавање лице ви покажува како би изгледале на 80 години доколку продолжите со досегашниот начин на живеење, пропратен со многу алкохол, без вежбање, јадење само брза храна и пушење по 50 цигариња дневно! :)
Muziboo е сервис за закачување аудио фајлови онлајн и нивно лесно споделување, пример, можете да ги споделите на некоја од друштвените мрежи, Facebook, Twitter, можете да ги вметнете (embed) аудиото во вашиот сајт или да го пратите на пријател да го симне тоа музичко парче.
Facebook ќе ги тргне сите апликации кои ги наведуваат корисниците дека со нив ќе откријат кој им ги прегледува профилите. Сигурно таква можност е одлична за некои корисници, но според Facebook никогаш нема да дознаете кој ви го прегледува профилот.
Twitter стартуваше опција за споделување локација. Oпцијата „Твитај ја локацијата“ по зададено е исклучена, што е добро за приватноста пред се на новите корисници, но и одлична опција за користење на геолокацијата да се означи местото на настаните.
Facebook воведува опција да си одберете кој да ја гледа вашата содржина од апликациите на Facebook и содржина од сајтовите и сервиси кои користат Facebook Connect, со цел корисниците да имаат поголема контрола врз содржината, односно да имаат можност да одберат со кого ќе ја споделуваат.
Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интегриран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови.
Facebook доби поклон за својот 6-ти роденден - 400 милиони корисници, од кои над 550.000 корисници се од Македонија! Пред само два месеци, на почетокот на декември, друштвената мрежа имаше 350 милиони корисници. Сега откако го доби својот поклон Facebook ги чести и корисниците.
Facebook e огромен на Балканот. Друштвената мрежа за само 1 година доживеа огромен раст со двојно, некаде и тројно зголемување на бројот на Facebook корисници во балканските земји. Од над 350 милиони корисници ширум светот околу 23 милиони се од Балканот. Интересно е што иако Турција има над 17.5 милиони Facebook корисници, Грција има над 2 милиони, Србија има 1.5 милиони, Хрватска и Бугарија скоро 1 милион... сепак aко се спореди бројот на Facebook корисници со бројот на популацијата, бројките велат дека друштвената мрежа е најпопуларна во Македонија.
Популарните ѕвезди, организациите, властите, медиумите... сите се свртија кон друштвените мрежи барајќи помош, донации, совети и споделувајќи информации за жртвите од неверојатниот земјотрес кој го погоди Хаити носејќи хаос и стотици илјади жртви и повредени. Оваа неверојатна трагедија ја истакна моќта на друштвените мрежи, на чело со Тwitter и со хуманоста на луѓето покажаа дека се неверојатно моќна машинерија за мобилизирање и информирање за актуелни настани.
Можеби изјавата има смисла доколку се знае за неодамнешните соработки на неколку друштвени мрежи со интернет пребарувачите Google и Bing кои внесоа пребарување во реално време во своите пребарувачи. Но додека твитовите од Twitter се најдоа меѓу резултатите на пребарувањето, Facebook статусите беа изоставени бидејќи Facebook сепак е приватна затворена мрежа каде луѓето споделуваат со пријателите. Марк Зукенберг, основачот на најпопуларната друштвена мрежа, во интервју на Crunchies настанот изјави дека доколку Facebook стартува сега ќе биде јавна мрежа бидејќи сега имаме нови стандард - тоа е јавно споделување на информации.
Големиот процент на користење на интернет за информации и комуницирање, не упатува на предизвикот низ оваа технолошка форма, да се антиципира и актуелизира творечкото влијание на отците на црквата врз современиот свет, ова го вели Preminportal.com.mk, веб портал за христијанството кој не изненади со своите Веб 2.0 идеи. Првин бев изненаден бидејќи се работи за […]
Користејќи ја статистиката од Alexa и Google Trends, италијанскиот блогер Виченцо Косенза состави светска мапа на друштвените мрежи. Мапата ја покажува доминација на Facebook кој со 350 милиони корисници, околу 400.000 македонски корисници, е најпопуларната друштвена мрежа во 127 земји.
Сигурно се изненадивте од пораката за промена на приватноста со која ве пречека Facebook кога се логиравте на мрежата? Се работи за „Publisher Privacy Control“ промени со кои друштвената мрежа планира да им даде на 350-те милиони корисници поголема контрола врз нивната приватност и содржината која ја објавуваат.
Луѓето се спријателуваат со брендовите на Facebook и Twitter бидејќи се корисници на брендот, за да добијат информација за некоја ексклузивна понуда и затоа што нивните пријатели се потрошувачи на брендот, покажa анализата на Razorfish, агенција која први маркетинг истражувања. Анализата „Digital Brand Experience“ е направена за онлајн однесувањето на 1000 американци кои имаат претходно […]
На Fаcebook нема опција да 'Dislike' постови кои не ми се допаѓаат и кои се глупави! Епа имам добри вести ... се пoјави интересен Firefox додаток кој овозможува да 'Dislike' постови.
Facebook го објави peace.facebook.com порталот со статистика и графикони кои покажува дека друштвената мрежа помогна да се преминат одредени национални, географски и религиозни граници, граници кои во реалноста често се бранат со бодликава жица и војници.
Денеска ни беше доставена листа од 18.000 имејл адреси и лозинки на Facebook корисници, од кои според адресите и лозинките, можеше да се заклучи дека голем дел се од Македонија. Преку податоците сајбер криминалците зад овој вид на измама наречен "phishing" (вид на сајбер измама преку која криминалците доаѓаат до личните податоци на корисници, најчесто лажирајќи го својот идентитет преку имитирање на кредибилни апликации, сајтови, и-мејл пораки..), е дојдено преку лажната апликација на Facebook наречена News Feed.
Креативноста на луѓето слободно може да се мери според безбројните идеи за секакви квизови на Facebook. Или поради немањето попаметна работа. Но, во секој случај квизовите се голем дел од секојдневното споделување на друштвената мрежа. Така, верувам дека секој кој користи Facebook, а не има многу - над 250.000 македонци, барем еднаш пробал некој квиз.
Со FriendFeed, Facebook може да стане Google зa друштвените мрежи. Пребарувањето во реално време денеска е доста интересна алатка посебно ако се земе во обзир дека на Facebook има 250 милиони корисниците секој со по најмалку 100 пријатели, кои секојдневно се на мрежата и кои секојдневно постираат.