Кога сте пристапувале прв пат до квизот т.е апликацијата сигурно сте ја добиле пораката:
„Allowing [име на квиз] access will let it pull your profile information, photos, your friends’ info, and other content that it requires to work.“
Или преведено…
„Давајќи му пристап на [име на квиз] ќе дозволи на апликацијата да повлече информации од вашиот профил, фотографии, информации од вашите пријатели и друга содржина која е потребна да работи“
Често не ги читаме овие пораки туку веднаш кликаме на „Аllow” за да добиеме пристап до квизот, иако во реалноста квизот бара пристап до вашиот профил. Но ако прочитате поубаво за да направите еден квиз „Koe e вашето уметничко име?“ вие не само што ќе дозволите пристап до вашиот профил туку и до фотографиите и пристап до профил на вашите пријатели! И да ги избегнувате квизовите, џабе!
Повод на овој текст е неверојатниот квиз на American Civil Liberties Union (ACLU), кој е постиран на Facebook.Пробајте го квизот и видете за што станува збор.
„Кога ќе правиш квиз на Facebook, што тој дознава за тебе?“
Тоа е првото прашање. А точниот одговор е „Се на твојот профил, дури и опциите за приватност што ограничуваат пристап“. Подолу е слика од мои информации, на која група припаѓам, што сум постирал последно на мојот Facebook ѕид, а тоа што не се гледа во „боксот“, има и мои слики и листа на пријатели.
„Какви информации за вас може квизот да дознаe кога вашите пријатели го прават?“
Ова е второто прашање и е застрашувачко бидејќи во „боксот подолу“ (кој споро се вчитува) се најдоа датуми на родендени на мои пријатели, слики и политичка определба. Сите тие информации се достапни на квизот т.е апликацијата. И да ги избегнувате квизовите, ако вашите пријатели ги прават, тогаш квизот знае за вас!
Подолу е слика од моите пријатели, нивниот роденден, слика од профилот на девојка ми, број на постирања на Митко, соработник на IT.com.mk, и политичка одреденост на еден мој пријател.
„Moите информации се безбедни бидејќи…?“
Ова е третото прашање. Според „Условите на користење“ на Facebook третите апликации надвор од Facebook т.е програмерите кои ги прават, имаат пристап само до информации кои им се потребни за да функционира таа апликација.
Но, се што треба да направиш апликације е да ставиш имејл и Facebook ќе ја одобри, вели ACLU, и само неколку од топ десет апликациите имаат полиса за приватност па тешко дека Facebook ќе може да ги задржи од збирање на информации. Повеќе за приваноста и безбедноста на апликациите на Facebook можете да прочитате во овој одличен текст на ReadWriteWeb.
Правењето апликации е едноставно, вели Facebook. Еве што е потребно да оставите како креатор на апликација за да си направите свој квиз. Како што може да се види се што е потребно е само имејл.
Интересно е што од Facebook не демантира дека креаторите на апликации имаат пристап до сите овие информации, но нагласувааат дека креаторите немаат пристап до конктакт информациите на корисникот и дека постојано се обидуваат да ги тргнат „невалидните“ апликации, пишува CNet.
„Што да правиме?“
ACLU вели дека не треба да се откажеме од Facebook бидејќи е одличен начин да бидеме во контакт со пријателите. Но треба да си ги бараме правата и да бидеме свесни за опасностите, па препорачуваат да се средат опциите за приватност, нешто за што IT.com.mk објави „Водич за зачувување на приватноста на Facebook“, да се сподели квизот на ACLU со цел вашите пријатели да ги разберат опасностите и да се потпише онлајн петицијата за барање на поголема контрола врз вашиот профил и информации закачени на друштвената мрежа.



