„Се наметна потребата да се обратиме преку социјалните медиуми токму кон онлајн публиката и да почнеме да градиме однос преку нивното позитивно искуство со нашиот систем.“ вели Александар Тасев (@alektasev). Користејќи ги друштвените мрежи Facebook и Twitter, ТC.mk за еден ден успеа да стигне до доста позитивни резултати, вели г-дин. Тасев.
„Самото приближување и запознавање на голема публика со нашиот систем на непосреден начин е голема придобивка. Инаку подетално во голем број на технички параметри денеска имавме експлозија. За 2-3 часа имаше:
-
регистрирани 80-тина нови корисници - прегледани над 10.000 страни
- околу 500 уникатни посети
- нарачани 33 подароци
- 80 нови фанови на нашата Facebook страна
- 22 нови следбеници на Twitter
- блог постот имаше 43 споделувања на Facebook.“
Секако дека кампањата им донесе резултати на TC.mk, но од друга страна креативноста на оваа кампања има огромен ефект врз поголемо разбирање и запознавање на корисниците со е-шопингот, област во која само 3-8% од македонските корисници покажале интерес според последните статистики.
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.