Написи тагирани со друштвена мрежа

302 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Свет

Facebook e проценет нa 50 милијарди долари

Вредноста на Facebook се проценува на неверојатни 50 милијарда долари по нова инвестиција од 500 милиони долари, пишува New York Times. Друштвената мрежа сега вреди повеќе од eBay и Yahoo, веднаш зад Аmazon и Google.

3 коментари Прочитај 3 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Facebook го пројде Google, стана најпосетуваниот сајт во САД

Facebook стана најпосетуваниот сајт во САД, надминувајќи го Google, се вели во истражувањето на Experian Hitwise. Скоро 8.93% од сите посети во САД од јануари до ноември 2010-та припаѓаат на Facebook, наспроти 7.19% посети за Google.

0 коментари Прочитај 30 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Совети

Kако да гo искористите Facebook за празнично рекламирање

Празници се, Нова година, а потоа и Божиќ. Пола Македонија е на Facebook каде ќе се споделуваат честитики, слики и импресии од празниците. Сигурно ова, ќе се согласите, е одлична шанса да го рекламирате својот локален бизнис, продукт или услуга на огромна публика зависно од буџетот.

0 коментари Прочитај 27 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Локацискиот Foursquare додаде опција за слики и коментари

Foursquare за iPhone апликацијата сега има опција за додавање фотографии и коментирање. Двете опции, заедно со страната за историја за сите места на кои корисникот бил, се опции кои сега ќе можат да го направат поатрактивен сервисот за локација, кој од неодамна има над 5 милиони корисници.

0 коментари Прочитај 20 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Новиот Facebook профил

Facebook ги редизајнираше профилите. Новиот изглед ги преместува табовите во лев страничен бар, а на нивно место сега се воведни кратки информации за личноста зад профилот, односно кратко инфо со локација, образование, работа, линк од веб страна, врска и уште по некој детаљ.

5 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Зошто на Facebook не му се допаѓаат цртаните јунаци?

Во последните две недели на Facebook започна иницијатива за поставување на профил слика од омилениот цртан јунак од детството. Многу корисници веднаш ги заменија своите профил слики со Мики Маус, Душко Долгоушко, Твити, Којотот, Калимеро и други цртани јунаци со цел да учествуваат и да се потсетат себе си и своите пријатели на безгрижните денови од детството.

21 коментари Прочитај 25 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Сега може да се логирате на MySpace со Facebook профил

Еднаш беа конкуренти за топ друштвената мрежа, а сега MySpace од потреба да привлече корисници дозволува логирање со Facebook Connect.

0 коментари Прочитај 19 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook го редизајнираше и потсреди пребарувањето

Сега кога ќе пребарувате страни или луѓе на мрежата ќе добиете малку покорисни и покултурно прикажани резултати. Facebook го тргна делењето на лица и страни како што беше до сега, и ги смести сите на куп. Сега без врска на резултатот, дали е личен профил, група или фан страна ќе ги добиете сите излистани и ќе добиете од десно опции за да понудите пријателство, да кликнете Like на страна или да се вклучите во некоја од групите.

6 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Совети

LinkedIn сега со сервис за препораки на страните за компании

LinkedIn им даде на брендовите нови опции за да се промовираат себе си и своите продукти. Брендовите сега ќе можат да додаваат препораки за продукти и сервиси, да си ги излистаат продуктите, за закачат мултимедија за продуктите и има модул за мрежа од препораки. Компаниите кои ќе дозволат рецензија на нивен продукт, ќе можат да додадат во своите реклами на мрежата дека се препорачани од корисник.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook стартува приказни меѓу два пријатели

Facebook приказната меѓу два пријатели (или Friendship страната) е страна каде се прикажува интеракцијата меѓу два пријатели, односно служи како еден вид дневник на нивните заеднички активности и заедничката комуникација, коментари, фотографии каде се тие тагирани заедно...

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Вестите на Google добија друштвен елемент

Google тестира подруштвени вести, додаде „Споделено од“ текстот покрај секоја вест. На прв поглед оваа информација заедно со бројот на „сличните написи“ ви ја кажува популарноста на веста, често и важноста на тие вести.

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Групите на Facebook

Facebook претстави нови групи, т.е. сега корисниците ќе можат да си креираат група со одредени пријатели во која ќе споделуваат одредени информации, слики и постови. Ова е еден вид организирање на стотината пријатели, пример, една група со колегите од работа, една со фамилијата... можете да се приклучите на вкупно 300 групи.

1 коментар Прочитај 7 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Веб Друштвени мрежи

Сите ваши Facebook податоци.zip

"Луѓето се тие кои ги поседуваат и треба да ги контролираат сите информации кои ги внесуваат во Facebook, па така 'Download Your Information' ќе им овозможи на луѓето да ги експортираат податоците и да си ги имаат на едно место" објасни основачот на најголемата друштвена мрежа, Марк Зукерберг, на вчерашната прес конференција каде што беа најавени неколку нови проекти, меѓу кои и опцијата наречена Download Your Information која овозможува на лесен начин да ги експортирате сите ваши пораки, слики, видеа, и постови во .zip фајл.

13 коментари Прочитај 7 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

На Flickr се објави 5 милијардитата фотографија

Сликатата погоре од Колеџот Вудвардс од Ванкувер е 5 милијардитата фотографија закачена на Flickr. „Јас сум г. 5 милијарди, и вие не можете да направите ништо околу тоа.“ вели корисникот Арон Јео кој ја закачи оваа сега славна фотографија која го означува забрзаниот раст на Flickr. Сервисот стигна до 4 милијарди лани во октомври, а пред тоа, до 2 милијарди фотографии стигна во ноември 2007 година. Flickr стартуваше во 2004 година.

0 коментари Прочитај 20 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Diaspora излезе на виделина, го објави изворниот код

Diaspora е друштвена мрежа која планира да му стане конкурент на Facebook така што ќе биде приватна мрежа контролирана од корисникот, и ќе биде мрежа со отворен код т.е секој ќе може да си направи своја верзија. Мрежата е дело на неколку студенти од САД кои ја најавија на пролет во моментите кога сите му рипнаа на Facebook поради нарушување на приватноста.

0 коментари Прочитај 16 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Google Mе ќе се објави есенва, ќе стартува во слоеви

Директорот на Google, Ерик Шмит потврди дека друштвената мрежа Google Mе ќе се појави оваа есен. Мрежата за која Google купуваше сервиси летово, треба да стане конкурент на Facebook. Но наместо да стартува цела платформа, Google ќе започне да стартува поединечни „слоеви“ од друштвената мрежа.

1 коментар Прочитај 15 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Google го купи Ångströ, уште еден стартап за друштвени мрежи

Најновата аквизиција на Google е Ångströ, стартап компанија која прави апликации за полесно споделување информации преку друштвени мрежи и Вебот, апликации за наоѓање фотографии од Facebook и нивно извлекување, како и креирање на адресар со контакти во реално време.

0 коментари Прочитај 30 август, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook купи патенти за друштвени мрежи вредни 40 мил. долари

Не е тајна дека Facebook сака да владее со светот, поврзувајќи го и терајќи го да споделува информации. За тоа се потребни нови 18 патенти за кои Facebook плати 40 милиони долари. Патентите се купени на 7 јуни и припаѓаа на Freindster, пишува VentureBeat повикувајќи се на информации од Канцеларијата за патенти на САД. Friendster e еден од пионирите на друштвените мрежи кој стартуваше во „далечната“ 2003 година, за да биде тргнат од сцената од MySpace и подоцна Facebook.

0 коментари Прочитај 5 август, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top