Од вкупната инвестиција од 500-те милиони долари, 450 милиони доаѓаат од интернационалниот инвестициски фонд Goldman Sacks, кој, интересно, го блокира Facebook за своите вработени, и 50 милиони долари кои доаѓаат од рускиот инвестициски фонд Digital Sky Technologies, кој и претходно инвестираше околу пола милијарда долари во мрежата.
Вредноста на Facebook се проценува според досегашните инвестиции, вкупно над 1.3 милијарди долари.
Новата инвестиција ќе му овозможи на Facebook ќе има повеќе пари да инвестира во нови вработувања, што значи дека ќе има нови продукти и ќе има пари да купи помали стартап-компании кои имаат интересни сервиси и технологии, а ќе има и можност дел од претходните инвеститори да си искешираат дел од инвестициите.
Новата инвестиција исто така ќе го одложи јавното надавање на акциите, кое, основачот на Facebook, Марк Закерберг, го најави како „можно“ после 2012-та година. Според проценките на експертите од текстот на New York Times, Facebook е профитабилен и има околу 2 милијарди приходи годишно.
Интересно, само пред два месеци Facebook се проценуваше на 41 милијарди долари, според берзите за тргување на акции од приватни компании.
[…] само што се процени неговата вредност на неверојатни 50 милијарди долари, туку започна да се игра и со влијанието на Google […]
Дека ја напраив акаунт пред еден месец, па му рипна вредноста за 9 милијарди :)
Pinky is Great! :P