0 коментари 2 мин. читање 5 август, 2010

Facebook купи патенти за друштвени мрежи вредни 40 мил. долари

Патентите биле првин префрлени на MOL Global за 39.5 милиони долари, за подоцна да има преговори меѓу MOL Global и Facebook за партнерство кое ќе вклучи плаќање со виртуелни добра, кеш и рекламирање, се оценето околу 40 милиони долари, пишува GigaOM.

Меѓу 18 патенти се: систем и метод за менаџирање на онлајн друштвена мрежа, нови статуси во фидот за доаѓање на кориснички страни преку надворешни извори, систем, метод и апаратус за поврзување на корисниците преку онлајн компјутерски систем базиран на врските во друштвената мрежа… повеќе патенти можат да се најдат тука.

Патентите на Friendster се пријавени кога мрежата стартуваше па малку веројатно Facebook да ги искористи патентите за својата мрежа. Како што може да се види од патентите тие се преопшти и тоа може да биде проблем за конкурентите кои ќе мора да се потрудат да креаираат нешто ново и со тоа да избегнат тужби од Facebook за нарушување на патентите или како што пишува GigaOM, Facebook „сега ги има како опција да демонстрира интелектуална сопственост како оружје.“

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top