0 коментари 2 мин. читање 30 декември, 2010

Facebook го пројде Google, стана најпосетуваниот сајт во САД

Facebook, исто така, две години по ред е и најпребаруваниот термин меѓу американските корисници. Интересно, три други варијации на Facebook пребарувања, како facebook.com, facebook login и www.facebook.com, се меѓу топ десетте пребарувања во 2010-та година во САД.

Нема воопшто да биде чудно исти резултати според посети и пребарувања да видиме и во Европа, а сигурно ќе ги видиме и во Македонија. Скоро сите интернет корисници во Македонија се и на Facebook, над 800.000 профили на друштвената мрежа значат и огромно споделување на информации.

Секако, Google нема да биде игнориран, бидејќи како интернет пребарувач нуди можност да пребарате конкретна информација во момент и по потреба, наместо да пребарувате споделени информации како на Facebook. Битката за престиж, кој е поголем – Google или Facebook- ќе продолжи и во 2011-та, но факт е дека двата огромни сервиси нудат различни информации кои едноставно придонесуваат до покомплетно онлајн искуство.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top